Неодамнешните истражувања покажале дека најмалку 40 милиони жени веројатно ќе доживеат долгорочни здравствени проблеми предизвикани од породувањето.
Истражувањето, објавено во списанието „Лансет глобано здравје“, открило големо оптоварување од постпородилни состојби, низ кои многу жени поминуваат со месеци, па дури и со години по породувањето. Целта на истражувањето била да се разоткријат овие проблеми кои здравствениот систем треба повеќе да ги препознава. Истражувањето ги истакнува најчестите проблеми со кои се соочуваат жените по породувањето:
-Болка за време на сексуален однос (диспареунија), која влијае врз повеќе од една третина од жените по породувањето (35%).
-Болка во долниот дел на грбот (32%).
-Анална инконтиненција (19%).
-Уринарна инконтиненција (8-31%).
-Анксиозност (9-24%).
-Депресија (11-17%).
-Болка во перинеумот (11%).
-Страв од породување (6-15%).
-Секундарна неплодност (11%).
Освен нагласените, истражувањето опфатило и неколку други здравствени проблеми кои можат да се појават, но се многу поретки:

-Пролапс на карличните органи.
-Посттрауматско стресно нарушување.
-Нарушување на работата на тироидната жлезда.
-Маститис.
-ХИВ сероконверзија.
-Повреда на нервите.
-Психоза.
-Венски тромбоемболизам.
-Перипартална кардиомиопатија.
Сите овие проблеми можат да имаат долгорочни социјални, економски и здравствени последици за жените и нивните семејства. Како што истакнале авторите на студијата, овие проблеми во голема мера се игнорирани во клиничкото истражување, практика и политика.