Воспитување

Кога со сопругот не се согласуваме околу воспитувањето, ги користиме овие правила

Кога мажот и жената не се согласуваат за воспитувањето на децата, тоа може да биде голем предизвик. Судирот на различни стилови на воспитување може да доведе до фрустрација, недоразбирање и напнатост во семејството. За да ги надминете овие проблеми и да воспоставите хармонично воспитување, важно е да имате дефинирано правила до кои ќе се придржувате и двајцата.

Не расправајте се пред децата

Доколку за нешто не се согласувате, а одлуката не е итна и многу важна, некој треба да преземе одговорност и да одлучи во тој момент, а подоцна да зборувате како да се однесувате во слични ситуации во иднина. Разговорите ќе бидат попродуктивни и помирни и ќе помогнат да се спречат расправиите да се случуваат пред децата, објаснува Хејли Торп, писателка и мајка.

Открила правила кои таа и нејзиниот сопруг ги користат кога не се согласуваат за родителството.

Сфатете дека и различните пристапи функционираат

Двајца луѓе со единствени погледи на светот се предодредени да гледаат поинаку на некои родителски обврски. Треба да разберете дека и двата начина ќе ја завршат работата и да дозволите секој родител понекогаш да ги прави работите на свој начин.

Фокусирајте се на посакуваниот исход

Без оглед на тоа дали вашите методи се разликуваат, треба да бидете усогласени во она што сакате да го постигнете. Ако секој постапи според своите правила, нема да го постигнете посакуваниот исход. Ако, на пример, вие сакате да му помогнете на вашето дете веднаш, односно откако првиот пат во нешто нема да успее, а вашиот партнер сака да му дозволите на детето да се обидува додека не успее самото, одвојте време да се договорите кој пристап е подобар, или решението може да лежи во комбинација од двата пристапи.

Вклучете ги децата

Лесно е да се заборави дека децата еден ден треба да станат независни носители на одлуки, па зошто да не ги подготвите за тоа. Понудете им на децата некои задачи соодветни на возраста и оставете ги сами да ги решат. На овој начин им давате можност да развијат критичко размислување.

Водете родителски дневник

Кога ќе наидете на околности за кои знаете дека ќе се случат повторно, водете евиденција за тоа како сте се справиле со ситуацијата. Овие белешки ќе ви служат како потсетник за тоа што сте го пробале и што успевало, а и за она што не функционирало. Освен тоа, секогаш можете да прочитате што сте правеле кога сте биле сигурни дека знаете што правите.

Автор: Ема Јуриќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top