Образование

Онлајн уписи во „Бибиверзум“ – „Вовед во математика“ и „Читаме и пишуваме“

„Светот на Биби“, во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“, овозможува онлајн настава „Вовед во математика“ и „Читаме и пишуваме“, курсеви преку кои децата се запознаваат со математиката и со читањето и пишувањето.

Наставата ја водат воспитувачите и наставниците во „Бибиверзум“, кои се искусни и одлични едукатори со цврсто академско знаење во теоријата и искуство во практиката за развојот на детето. Природниот авторитет, духовитоста, фантазијата и почитувањето на детето се особините на нашите воспитувачи и наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважно – да им биде убаво и забавно додека учат.

Часовите се одржуваат онлајн преку платформата „Зум“. Секој пријавен учесник треба да има на располагање уред за следење на онлајн настава и интернет-конекција. Се препорачува наставата да се следи од компјутер, десктоп или лаптоп за подобар преглед на содржината.

Пријавувањето се врши преку формата подолу:

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top