Информациите се корисни за да дознаете од наставникот или наставничката на вашето дете како тоа напредува на училиште. Тоа е и можност за наставниците да разговараат со родителите за какви било проблеми што ги имаат со нивното дете и да дадат препораки за подобрување.

Даниел Лион (38) девет години работела како професор по англиски јазик подучувајќи деца на сите возрасти. Таа споделила некои од вообичаените фрази што ги слушнала од родителите, кои ѝ дале до знаење дека постои подлабок проблем.

„Моето дете нема самодоверба“

Ако родителот чувствува дека неговото дете е срамежливо, Лион истакнува дека е важно да се открие причината.

„Недостигот на самодоверба може да биде резултат на тоа што детето не го разбира материјалот на час и е премногу срамежливо да се вклучи. Од друга страна, тоа може да биде знак дека детето доживува насилство од врсници“, изјавила таа.

„Моето дете е многу напредно“

Ова е добра работа, ако е точно.

„Родителите би можеле да го кажат ова ако нивното дете им се пожали дека му е здодевно на училиште. Можеби учи побрзо и полесно од неговите врсници. Меѓутоа, понекогаш се случува ученикот да е понапреден, но да го користи ова како изговор за мрзливост. Во некои случаи тоа воопшто не е вистина и детето се бори да го совлада материјалот“, забележува Лион.

„Моето дете претпочита да си игра само“

Родителите често се грижат дали детето сака да поминува време само со себе, но Лион вели дека тоа воопшто не е проблем.

„Во реалноста, нема ништо лошо во тоа детето да биде интровертно. Таквите деца развиваат високо ниво на креативност и имагинација. Сепак, на училиште, а подоцна и во животот, ќе мора да се навикнат да работат во тим“, објаснила таа.

„Моето дете не зборува за училиштето“

Лион вели: „Ако детето не зборува со вас за училиштето, тогаш не ужива таму или не се поврзало добро со таа средина. Ако детето е мало, може да има проблем да се сети што правело на училиште. Ако е постаро, можеби едноставно не му се допаѓа да зборува за училиштето“ .

Цел нека ви бидат разговори за детските хобија и интереси, на кои децата се радуваат, наместо да се фокусирате на оценките и училиштето.

Извор



912

X