Тешко е да се биде мајка, а да се биде среќна мајка постојано е речиси невозможно.

Иако не сме го пробиле целосно кодот за тоа како родителите можат да бидат насмеани 24/7, научивме (често на потешкиот начин) што не функционира. Со процес на елиминација, заклучуваме што треба да престанете да правите ако сакате да бидете среќни.

Престанете да одбивате помош

Се сеќавате на сите пати кога луѓето сакале да ви помогнат кога се породивте? Колку се постари децата, толку поретко доаѓаат тие понуди. Затоа, искористете ја можноста или уште подобро – самите побарајте помош.

Не носете ја работата дома и не носете ги домашните проблеми на работа

Една работа е некогаш да однесете дел од работните обврски дома, но среќните мајки поставуваат граници. Ако ги отстраните овие одвлекувања, ќе се изненадите што можете да постигнете за време на работното време.

Не кажувајте сè што ви е на ум

Шансите за расправија значително се намалуваат кога нема да започнете расправија, па потрудете се да не го кажувате секогаш она што го мислите. Пробајте го ова: за секои три фрустрации за кои сакате да разговарате со партнерот, изберете само една.

Не заборавајте дека секогаш постои план Б

Животот не е фер и тоа е лекција за децата исто толку тешка за разбирање како и за нивните родители. Но, среќните мајки знаат дека кога една врата се затвора, друга се отвора.

Не одолевајте на „сесијата за гушкање“

Најсигурниот начин за решавање на секој проблем е со добра прегратка. Секогаш кога вашите деца сакаат да ве гушнат, веднаш возвратете и бескрајно ценете ги тие моменти.

Не очекувајте совршенство

Среќните мајки знаат дека е невозможно работите да бидат како што треба. Кога едното дете спие, другото има тантрум. Кога едната соба е чиста, другата е вистинско минско поле.

Не извршувајте ги сите обврски сами

Вие не живеете сами дома. Тогаш зошто само вие да ја чистите куќата? Дајте им обврски на децата и погрижете се вашиот сопруг да изврши одредени задолженија.

Не озборувајте

Тешко е да се прекине навиката, но гледањето со презир кон другите родители никому не му прави услуга. И запомнете: ако е толку лесно да се суди, исто толку лесно е и другите да ве осудат.

Не избирајте ги вашите деца наместо партнерот

Среќните мајки безусловно ги сакаат своите деца, но не мора да ги ставаат нив и нивните потреби над потребите на партнерот. И двајцата треба да си обрнете внимание еден на друг и да не дозволите животот да се врти исклучиво околу вашите деца.

Не правете се жртва и маченик

Престанете да велите: „Полесно е ако јас го направам“ за да им покажете на вашите деца како навистина изгледа чиста соба. Среќните мајки повеќе се гордеат со тоа што се и затоа што се среќни, отколку со тоа дека се единственитите што можат правилно да сменат пелена или да ги средат алиштата.

Не чувствувајте вина

Не жалете за одлуките што сте ги донеле, дури и ако се покажале како погрешни. Среќните мајки знаат дека за секоја техника на родителство, постои некоја студија која вели дека тоа е најважното нешто што можете да го направите за вашето дете, а друг лекар вели дека тоа е еднакво на злоупотреба на децата.

Не пропуштајте ги моментите што се случуваат пред вашите очи

Среќните мајки признаваат дека мора да пропуштат важни настани. Може дури и да пропуштат неколку рецитали и претстави. Но, кога се со своите деца, ги оставаат настрана телефоните и се навистина присутни.

Не ставајте се себеси на последно место

Не е себично да ставате некои лични приоритети над оние на вашето семејство. Мајката која е исцрпена и под стрес е многу помалку ефикасна од онаа што отишла на омилениот час по јога, долго се туширала или прочитала едно поглавје од нејзината книга. За многумина, еден час дневно или само една ноќ неделно е сè што е потребно.

Извор



912

X