Едно машко име доминира во Европа, а тоа е Ноа. Ова име е најпопуларно во Шведска, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Белгија и во Холандија.
Други имиња кои се најпопуларни во Европа се Франц, Пол, Леонардо, Џек, Јаков, Франциско, Мартин, Габриел, Матео.
Две други имиња водат во повеќе од една земја: Јаков во Чешка, Норвешка и Словачка, додека Георги/Џорџ/Георгиос е најчесто во Грција и Бугарија.
Кога станува збор за женски имиња, името Марија се појавува како најпопуларно во повеќето европски земји, а најмногу во Бугарија, Кипар, Финска и Португалија. На овие земји може да се додадат и Грција и Романија со името Ана-Марија.
На второ место е името Ема, кое се појавува во Луксембург, Малта и Холандија, па Миа во три земји: Хрватска, Естонија и Швајцарија, и Софија во Латвија и Литванија.
Кога станува збор за Русија и Москва, името Софија се наоѓа на врвот на листата, додека најпопуларното име кај момчињата е Александар.
Топ-10 имиња на момчиња во Европа
- Лукас – 42
- Александар – 30
- Оливер/Оливиер – 23
- Мухамед -22
- Ноа – 21
- Елијас – 21
- Матео – 20
- Габриел – 18
- Даниел, Лијам, Бенџамин – 17
- Рајан, Мартин, Давид, Лео, Адам, Теодор, Виктор – 16
Топ-10 женски имиња во Европа
- Софија – 56
- Хана – 51
- Марија – 34
- Изабела -33
- Амелија – 30
- Јасмина – 29
- Ема – 27
- Емилија – 27
- Сара – 26
- Елизабет – 25
912