Воспитување

Како се развива детскиот карактер? Марија Монтесори открила три клучни фази

Успешната Италијанка Марија Монтесори, на чиј метод многу училишта низ светот ја засноваат својата работа, смета дека формирањето на карактерот се одвива низ три периоди:

До 6 години – време на создавање (детето не ја знае разликата помеѓу доброто и злото, има своја природа, фаза кога се создаваат основите на карактерот). Ова е период на небалансирана енергија и интензивен напор на детето – само од шестата година детето е приспособено на времето и средината на која припаѓа, способно за разбирање и расудување.

Од 6 до 12 години – детето станува свесно за доброто и лошото (кај себе, но и кај другите луѓе) и формира морална свест која подоцна води до развој на социјалната свест.

Од 12 до 18 години – се раѓа чувството за љубов кон татковината, припадноста кон нацијата и се поставуваат основите за зрелиот период на личноста со препознатлив карактер, целосно подготвена за сооднос со други лица.

Во однос на таа поделба изградила систем на однесување, интелигенција, напредување и формирање карактер. „На детето не треба да му се заканувате или да му ласкате – само треба да му обезбедите нормални услови за живот. Нарушувањата на карактерот потоа исчезнуваат сами по себе“, заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

To top