Воспитување

„Не е важно само како вие го воспитувате вашето дете, туку и како другите ги воспитуваат своите деца“

– Не верувам во теоријата дека можете да имате здрава микроклетка без здраво општество. Мислам дека сите ние, залажувајќи се дека не можеме да го промениме општеството, се залажуваме со години – ќе го создадам мојот идеален микросвет, моето семејство и пријателите и не ме интересира што се случува на друго место – изјави српската обвинителка Бојана Савовиќ.

Според неа, тоа е сосема нереално бидејќи нема изолирана улица, училиште или кафуле каде што ќе одите вие и вашите деца.

– Вие сте дел од едно општество и само со поправка на целото општество можете да бидете подобри и како поединец, и вашето семејство. Од сите несреќи сфативме дека не е важно само како го воспитувате вашето дете, туку важно е и како другите ги воспитуваат своите деца. Не е важно само што гледам на телевизија, важно е и што другите околу мене гледаат – изјави Савовиќ.

Многу е важно да сфатиме дека без закрепнување на општеството, нема подобрување на поединецот, дека не постои изолиран балон на идеален свет додека сè околу вас се распаѓа.

Извор

Поврзани написи

To top