Училиштата мора да имаат дрес-код, но некои правила имаат повеќе смисла од другите. Родителите се бунат против едни, децата против други, а понекогаш правилата едноставно знаат да изненадат.
Секое училиште има свои правила во однос на облекувањето – таканаречениот кодекс на облекување. Во некои училишта униформите се задолжителни, а во други не. Некои не дозволуваат учениците да носат тренирки, речиси сите не дозволуваат да се носат прекратки шорцови или облека што го открива стомакот и слично.
Иако изгледаше како училиштата да ги намалија критериумите за облекување, па веќе нема толку многу забрани, некако забраните полека се вратија. Претпоставуваме дека причината е тоа што многумина се опуштија и мора да има некакви граници.
Токму така едно британско училиште, колеџот Грејс во Гејтсхед, ја изненади 11-годишната ученичка кога ја испрати дома бидејќи носела балетанки со потпис на Вивиен Вествуд. Девојчето не смеело да присуствува на час, туку морало да чека некој да го земе, па го поминало денот во изолација.
Е сега, ако некој мисли дека проблемот е што училиштето не сака детето да носи екстремно скапи чевли, се лажете. Имено, училиштето има правила кои ги штитат безбедноста и здравјето на децата, па затоа стапалата мора да бидат во затворени чевли. Мајката прашала дали девојчето може да ги носи балетанките, но училиштето забранило. Од училиштето велат дека чевелот мора да го покрие целото стапало.
Но, оваа ученичка не била единствената што морала да си оди дома првиот училиштен ден поради несоодветни чевли. Едно момче морало да си оди дома бидејќи на нозете имало црни патики „најки“.
Инаку, на веб-страницата на училиштето стои дека децата мора да носат едноставни, црни чевли и дека логоата не се дозволени, а чевлите мора да го штитат горниот дел од стапалото.
912