Податоците покажуваат дека постои сезонски, полугодишен врв во барањата за развод. Истражувањето го составиле вонредната професорка по социологија Џули Бринс и докторандот Брајан Серафини и тврдат дека брачните парови често поднесуваат барање за развод по зимските и летните одмори.

Сепак, според истражувањето, врвот на разводите е во текот на март и април.

– Луѓето имаат тенденција да одат на одмор со поголеми очекувања, мислат дека тоа е нов почеток, сето тоа се всушност циклуси на оптимизам, во извесна смисла. Но, се разбира, тој оптимизам исчезнува по празниците, а луѓето одлучуваат да се разведат – коментира Бринс.

Секој што бил во долга врска може да ви каже дека преживувањето на празниците понекогаш може да биде тешко. Податоците од Универзитетот во Вашингтон покажуваат дека луѓето се двоумат да поднесат барање за развод за време на празниците – можеби сметајќи ги тие времиња за свети – но штом празниците ќе завршат, препреки повеќе нема.

Врвот на барањата за развод во август доаѓа веднаш по летниот одмор, но има и „празен простор“ помеѓу Нова година и март. Бринс и Серафини веруваат дека доцнењето е повеќе прашање на логистика отколку што било друго, истакнувајќи дека паровите кои ќе се одлучат да се разделат по Нова година сè уште треба да ги одмерат финансиските прашања, да најдат адвокати и да се справат со фактот дека штотуку го поминале последниот Божиќ заедно.

Значајна е и улогата што ја играат финансиите во тајмингот на поднесување барање за развод.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон првично ги истражувале ефектите од неодамнешната рецесија врз „стабилноста на бракот“. Сепак, откако врвовите во барањата за развод станаа очигледни, Бринс и Серафини забележаа мала варијација во податоците поврзани со рецесијата.

Што ни открива сето ова? Нешто што можеби веќе го знаеме: празниците можат да бидат смртоносни за врската.

– Ова ќе биде најдобриот летен одмор досега или овој Божиќ ќе биде неверојатен. Можеби ова се преголеми очекувања. Меѓутоа, кога ќе завршат празниците, ќе остане само тажната реалност која се криела зад празничното расположение – заклучуваат научниците.

Извор



912

X