Без оглед на тоа дали вашето дете е прваче или оди во ново одделение, важно е да му помогнете да се соочи со своите стравови и грижи за да има успешна и исполнета учебна година.

Летните денови полека минуваат, а доаѓањето во нова средина, по недели поминати во кругот на семејството и блиските пријатели, може да предизвика нервоза кај децата. Некои ќе се радуваат на промените, додека на други ќе им треба дополнителна поддршка и адаптација на новата средина.

– Секое дете ја започнува новата учебна година со различни вештини, цели и емоционални предиспозиции. Наставниците се свесни за ова и се обидуваат да изградат силна врска со секој ученик уште од првиот ден – советува Хедер О’Конор, наставничка во трето одделение од Конектикат.

О’Конор ги советува родителите да комуницираат со наставниците на своите деца пред првиот училиштен ден за да ги постават темелите за успешна година. Комуникацијата помеѓу родителите и наставниците овозможува подобро разбирање на потребите на детето и го олеснува приспособувањето на училишната средина.

– Враќањето на училиште често носи возбуда и вознемиреност, но како родители можеме да го намалиме стравот од непознатото со позитивен став кон училиштето и учењето – вели О’Конор.

О’Конор споделува уште неколку корисни совети за првите училишни денови:

Посетете го училиштето или училницата пред првиот училиштен ден

Посетата на училиштето или училницата пред првиот ден може да помогне да се намали анксиозноста и да се подготви вашето дете за новата средина.

Читајте книги поврзани со училиштето

Книгите со ликови кои минуваат низ слични ситуации можат да им помогнат на децата полесно да се соочат со првиот училишен ден и да се чувствуваат самоуверени.

Разговор со децата

Разговорот со вашето дете за неговите чувства за училиштето, пријателите и новите активности помага да се изгради емоционална интелигенција и да се зајакнат односите.

Поставување цели за учебната година

Како што возрасните си поставуваат цели за новата година, децата можат да си постават цели за новата учебна година. Оваа практика им помага да се фокусираат и да се мотивираат да учат.

Создавање навика за читање во текот на летото

Развивањето навика за читање во текот на летото им помага на децата да ги задржат своите вештини за читање и да се подготват за училиште.

Посебно внимание посветете на подготовката на храната што детето ќе ја носи на училиште

Дополнително внимание, како што е нацртано смајли или порака, може да го расположи детето и да му помогне да се приспособи на училиштето.

Направете листа со работи што му се потребни на детето за на училиште

Вклучувањето на вашето дете во купување на училишниот прибор може да му помогне да се радува и да се чувствува подготвено.

Охрабрете го вашето дете да ги следи своите соништа

Охрабрете го вашето дете да ги истражува своите интереси и страсти во текот на целата учебна година, што може да доведе до поголем ангажман и успех.

Извор



912

X