Многу родители се заинтересирани дали можат да воспитаат дете кое еден ден ќе порасне во успешен и одговорен возрасен човек. Иако не е така едноставно, научниците дошле до интересно откритие кое би можело да им помогне на родителите барем да препознаат дали постои шанса нивното малечко еден ден да биде успешно во животот.
Имено, студијата, чии резултати неодамна биле објавени во списанието „The Association for Psychological Science“, покажала дека покрај коефициентот на интелигенција, социо-економскиот статус на родителите и нивото на образование, она што предвидува значителен финансиски успех е и тенденцијата за кршење на правилата, поточно тврдоглавото однесување кон авторитетот во тинејџерската возраст.

Еден од највлијателните и најуспешни луѓе кои уште од мали нозе го покажале овој модел на однесување е претприемачот Бил Гејтс, кој на само 11 години бил вистински бунтовник. Дури и како дете често одбивал да извршува задачи, како што е чистењето на својата соба. Често им се спротивставувал на родителите, а токму тоа е една од особините што наводно им предвидуваат успех на децата штом ќе пораснат.