Здравје

За децата е здраво да се извалкаат

Истражувањата покажале дека изложеноста на бактерии и микроорганизми е добра за имунолошкиот систем. Оставете ги малите деца да си играат во кал, да галат животни, да јадат туршија, а избегнувајте давање антибиотици.

Неодамнешните американски истражувања покажале дека изложеноста на децата на микроорганизми и бактерии е добра за зајакнување на нивниот имунолошки систем и дека родителите денес ги држат децата премногу изолирани. Научниците со години ги проучувале микроорганизмите и бактериите што предизвикуваат болести кај децата и откриле дека изложеноста на бактерии е добра превенција од инфекции во детството и подоцна во животот.

Токму изолацијата може да му наштети на здравјето на децата. Како што тврдат експертите, постои директна врска помеѓу немањето отпорност на микроорганизмите и зголемувањето на ризикот од добивање хронични болести како што се астма, алергии, дебелина, дијабетес, па дури и здрав развој на мозокот.

Истражувачите наведуваат дека ги разбираат родителите кои се плашат да дозволат нивното дете да се извалка и да стапи во контакт со разни микроорганизми, но дека тоа сепак е дел од растењето, па затоа им препорачуваат на родителите да го остават своето дете да се извалка и на тој начин да му го зајакнат имунолошкиот систем.

Нека си играат во кал

Оставете ги децата да се извалкаат, а додека се надвор, нека ги допрат калта, дрвјата, растенијата, инсектите. Нека направат пита од кал и вода, па дури и случајно да стават парче в уста, не паничете, бидејќи штом ќе го вкусат горчливиот вкус, нема да сакаат повторно да го пробаат.

Дружење со животни

Дозволете бебе или постаро дете да си игра со кучето и не држете ги децата подалеку од животното. Ако редовно сте го носеле вашето куче на ветеринар, нема потреба да се грижите, а нема причина за страв дури и ако кучето го лизне детето. Истражувањата покажале дека на овој начин се намалува ризикот од астма и алергии кај децата, а децата учат на овој начин да ги сакаат животните.

Не мијте им ги рацете веднаш

Избегнувајте антибактериски сапуни и не мијте ги рацете на вашето дете веднаш штом ќе влезе дома. Оставете го така онолку долго колку што трае времето на играта.

Ферментирана храна

Дајте им на децата ферментирана храна, како јогурт, кефир, кисели краставички, бидејќи овие намирници ги задржуваат добрите бактерии во телото на детето. Храната богата со растителни влакна и зеленчук е совршена за „убивање“ на микроорганизмите во дебелото црево.

Избегнувајте антибиотици

Избегнувајте антибиотици кога е можно бидејќи тие ги убиваат лошите бактерии, како и добрите, неопходни бактерии. Прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до астма, алергии, дебелина, дијабетес и други болести. Ова може да ги направи лошите бактерии отпорни на антибиотици и негативно да влијае врз имунолошкиот систем.

Извор

Поврзани написи

To top