Скај Амундсен се запрашала дали треба да ги принудуваме децата да делат откако нејзиниот син имал непријатна ситуација кога одбил да сподели справа на подлога за прскање во детски парк. Оваа мајка објавила видео во кое објаснува дека била со својот двегодишен син во локалниот парк кога избила тепачка помеѓу момчето и друго девојче.
-Имаше многу од ваквите уреди, а тој си играше со еден. Незадоволно од неговото однесување, му пријде едно мало девојче и го турна. Таа е поголема од него, но тој викаше „не!“, по што таа повторно го турна. Седев и чекав да се вклучи мајката на девојчето – рекла таа на „Тик-ток“.
Меѓутоа, мајката на второто дете не покажала интерес да се вклучи. Тогаш двегодишното дете решило да му врати на девојчето, па и тој ја турнал.
„Во тој момент станав затоа што не сакав да му дозволам да ги турка другите. Додека разговаравме, кај нас дојде мајката на девојчето и ми рече дека треба да го научам син ми да дели“, продолжила таа.
Амундсен одговорила дека не сака нејзиното дете да сподели ништо со врсниците што го туркаат.
„На крајот се договоривме дека не се согласуваме, но сепак се прашувам зошто би споделиле нешто со некој што е безобразен“, се запрашала таа.
Видеото собрало повеќе од 800.000 прегледи и многу родители се вклучиле во дискусијата, а повеќето се согласуваат со Амундсен. Што мислите вие?