Има многу работи што тинејџерите не ги учат на училиште, од основите за менталното здравје до верување во сопствените инстинкти. Затоа корисниците на платформата „Редит“ креирале листа со работи што тинејџерите треба да ги знаат.

1. Во ред е да се каже „не“

„Во ред е да се каже – не – на кого било. Не дозволувајте некој во животот да ви наметне вина и да направите нешто што не сакате или поради кое не ви е пријатно“.

2. Верувајте им на своите инстинкти

„Научете да им верувате на инстинктите кога сте во чудни ситуации. Ако нешто ви предизвикува чувство дека не е во ред, веројатно е така“.

3. Бидете отворени во пријателствата

„Мерката за тоа дали некој има потенцијал да ви биде нов пријател или не не подразбира дали ги сака истите работи како вас. Можно е да бидете пријатели со луѓе што сакаат работи за кои вие не сте слушнале, или дури и не ви се допаѓаат. Вие сте во положба во животот кога нештата кои ви се допаѓаат или не може лесно и да се променат“.

4. Сфатете го возењето сериозно

„Кога ќе почнете да возите, треба да сфатите дека законите на физиката се применуваат на вас. Забавете со брзината и не шегувајте се, возите тешка машина која има брзини за кои ние не сме еволуирале доволно за да можеме да се справиме. Бидете безбедни“.

5. Продавачите на облека не се грижат за она што го купувате

„Купувањето што било за драгите личностите во вашиот живот е убава работа и не е важно што мислат другите“.

6. Фокусирајте се на менталното здравје

„Не одложувајте ги соочувањата со проблемите поврзани со менталното здравје. Развивањето нездрави механизми за справување со емоционалните проблеми ќе ви го наруши мирот и ќе има долгорочни последици. Ако имате проблеми, справете се со нив навреме. Можеби ќе биде потребно време за решавање, но започнете сега“.

7. Внимателно пристапете кон несогласувањата

„Ако наставник ви рече нешто што вие сте го научиле различно – препознавам дека има одредени околности кои можеби не сфаќате дека менуваат нешто – употребете реченица како: Извинете, можеби грешам, но мислам дека научив… Ваквите фрази не предизвикуваат другото лице да покаже дефанзива.

8. Признајте ги своите грешки

„Кога правите грешка, прифатете го тоа. Луѓето повеќе ќе сакаат да ви помогнат кога ќе признаете дека сте погрешиле. Ова важи за училиште, работа и личниот живот. Сте заборавиле да завршите некоја обврска – признајте ја грешката и објаснете. Луѓето повеќе ќе сакаат да ви помогнат ако комуницирате“.

9. Уживајте во овие години

„Не оптоварувајте се со зборовите на оние што велат дека ова ќе бидат најдобрите години од вашиот живот, туку обидете се да ги искористите најдобро што можете“.

Автор: Либи Рајан

Извор



912

X