Обидувањето да останете бремени е емотивно исцрпувачко искуство кое треба да се надмине. Верувајте кога ви кажува некој што го поминал тоа двапати. Ако сте одлучиле дека сето тоа е зад вас и дека е време да заборавите, сепак, треба да запомните неколку важни работи.

Секоја жена е различна

Бев глупава кога мислев дека мојата бременост ќе биде иста како онаа на моите пријателки. Додека ги слушав нивните приказни, наивно претпоставував дека моето тело функционира како нивното. Тоа не се случи бидејќи секој е различен. Особено е важно да го запомните ова кога се обидувате да останете бремени затоа што…

Можеби нема да успеете првиот пат

Да погодувам, имате пријателка која забременила оној ден кога прв пат се обиделе. Вие имате, всушност, 10 пријателки на кои тоа им се случило. И јас ги имам тие луѓе во опкружувањето и тие приказни се толку вообичаени, што мислев дека истото ќе ми се случи и мене. Бев избезумена кога обидите од еден месец се претворија во два, потоа во шест, а потоа во осум. Конечно забременив по 10 месеци, но не пред да го научам следново:

Само затоа што ви треба повеќе време, не значи дека нешто не е во ред со вас

Долго мислев дека ако имам кога било секс во текот на месецот, можам да забременам, Не ја разбирав баш овулацијата, ниту фактот дека не сме цело време плодни. Бев убедена дека ќе забременам ако престанеме да користиме заштита. Не е вистина. Понекогаш тоа се одолжува, па може да помислиме дека нешто не е во ред со нас. И да, може да постои и медицинска причина за тоа. Едноставно прифатете дека е потребно време. Мојот гинеколог ми рече дека за некој на мои години, потребно се 6 месеци до една година за да забременам и не треба да се вознемирувам за тоа. А јас се нервирав. Но, на крајот излезе дека беше во право.

На вашето тело му е потребно време да заздрави од контрацепција

Кај некои жени се воспоставува нормален менструален циклус штом ќе престанат со земањето контрацептивни пилули. Но, ја немаат сите таа среќа. Кога престанав со хормонската контрацепција, на моето тело му беа потребни месеци за повторно да воспостави регуларен циклус. Иако ова е сосема нормална појава, ако се посомневате дека нешто не е во ред, обратете се кај вашиот лекар.

Секоја жена нема циклус на 28 дена

По некое време откако престанав со контрацепција, уште имав менструален циклус на секои 34 дена. Должината и динамиката на циклусот не се исти за сите жени, менструацијата може да настапи од 21 до 35 ден и да трае од 2 до 7 дена. Кога мојот циклус конечно стана пократок, и понатаму имав овулација нешто подоцна во текот на циклусот. Просечна жена со циклус од 28 дена овулира на 14. ден, додека јас овулирав околу 20. Вашето тело нема секогаш да се однесува така како што предвидува вашата апликација за плодни денови или книгите што сте ги прочитале.

Апликациите за плодните денови може да ви дадат чувство на контрола, но исто така може да ви го поматат умот

Можете да симнете 10 апликации за следење на плодноста, но овој број и натаму ќе биде ситница во однос на бројот на дигитални алатки што ви се на располагање кога е во прашање следењето на биоритамот на вашето тело. Се разбира, тие се од помош кога ви даваат чувство на контрола во текот на прилично непредвидливиот процес низ кој поминувате. Но, тие многу лесно можат вашето искуство за забременување да го претворат во опсесија и константно преанализирање на сè. Оној момент кога ќе почувствувате дека повеќе ви одмагаат отколку што ви помагаат, отстранете ги од телефонот, барем на неколку месеци. Можете да се ослободите и од социјалните мрежи и форуми ако веќе не можете да поднесете објави од типот „Две цртииичкиии!“

Тоа што закажувате време за секс не значи дека треба да се чувствувате како да имате работен состанок

„Овулирам-време е за секс“ и не е баш секси опомена од вашиот гугл-календар. Но, не дозволувајте закажувањето да ви го расипе расположението. Во својата забава вклучете играчки, масло, секси долна облека, коктели… што и да сакате, а тоа може да го намали притисокот и да го насочи фокусот на забава.

Тестот за бременост може да биде негативен денес, но веќе утре…

Тестовите за рано утврдување на бременоста не се секогаш точни, особено ако ги направите веднаш по зачнувањето. Тестот покажува позитивен резултат кога во урината се детектира хормонот ХЦГ, а тоа обично се случува по дури 2 недели од моментот на зачнувањето.

Вие најдобро го познавате своето тело

Слушајте го вашиот лекар, но слушајте се и себеси. Само вие ги знаете „шаблоните“ по кои вашето тело функционира и како го водите својот живот. Забременувањето може да биде забавно, но и фрустрирачко, бидејќи секој има мислење, совет… Пријатели, лекари, родители, колеги, шанкери, шалтерски службеници, и се разбира нашите драги партнери… сите имаат многу да кажат за вас, вашето тело и забременувањето, но вие верувајте му на својот инстинкт. И својата матка.

Автор: Кејт Спенсер

Извор



912

X