Мои драги пријатели-мајки,

Многу сум возбудена за вас што ќе го искусите доаѓањето на вашето второ дете. Знам колку сакате вашето семејство да се дополни и првото дете да има братче или сестричка. Ова е многу возбудлив период, па сигурна сум дека имате некои нормални и вообичаени стравови за она што претстои. Како мајка на 2 деца, ова се неколку работи што сакам да ги знаете пред да станете родител по втор пат.

Второто бебе може да биде сосема поинакво од првото

Без разлика дали се работи за спиењето, навиките во исхраната или општото однесување, пробајте да не размислувате за тоа какво ќе биде второто дете и дали ќе се однесува како првото. Она што сте го правеле за првото може да не успева со второто. Земете воздух и обидете се да заборавите како сте се однесувале со првото. Листата со сето она што треба да го правите со новороденчето брзо ќе ви се врати, но секако нема да биде релевантна за второто дете, па можете веднаш да ја фрлите.

На бебето ќе му требаат други работи од вас

Веќе сте мајка неколку години и имате одредено искуство, но да се биде мајка вторпат, некако ве прави различна мајка. Начинот на кој секое ваше дете има потреба од вас е единствен поради карактерот на детето и тоа нема да се промени како што ќе поминува времето – вие треба да бидете мајка на секое ваше дете во согласност со неговата индивидуалност. Ќе треба малку повеќе да се приспособите, но всушност ќе откриете дека вие сте она што им е потребно.

Ќе спиете помалку

Не сакам да ве плашам, но ќе изгубите дел од сонот. Да се надеваме дека ќе добиете дете што ќе биде вистински спанко – вие тоа го заслужувате, но во реалноста повеќето луѓе немаат такво дете. Исто така, имате и големо дете за кое мора да се грижите, па така ќе бидете прилично изморени некое време.

Поголемото дете ќе ви се чини навистина големо

И така изненадувачки, вашето постаро дете (кое не е толку возрасно) ќе ви изгледа како голем, возрасен човек. Кога стана толку голем и способен? Практично може да се грижи за себе и да го чува второто дете. Во ред, не може, но одеднаш ви изгледа како да е созреано и дека тоа претходно не сте го забележале. Може самото да оди во тоалет, спие повеќе од 22 минути и може да седи пред телевизор, а вам тоа добро ќе ви дојде во текот на првите луди неколку дена кога ќе стигне новороденчето.

Првото дете можеби ќе почне повеќе да бара

Ако се воспостави дека второто дете бара повеќе (што е и нормално за новороденче), и вашето постаро дете би можело да ја покаже таквата страна. Неговите потреби ќе ги почувствувате како поголеми бидејќи тоа има повеќе емоции за да покаже отколку новороденчето. За среќа, можете да го прегрнете и додека го храните бебето. Можете да направите да се чувствува како посебен голем дечко или девојка, поради неговата помош и посебно знаење како постар брат или сестра според кои има посебна моќ. Можеби ќе му треба некое време да се приспособи на тоа дека има брат или сестра, но потсетувајте го често дека има посебни знаења.

Добро ќе ви дојде помош

Не грижете се. Сериозно, не е никаков проблем да се побара помош, иако можеби вие се спротивставувате на тоа. Научени сме тоа да не го правиме бидејќи мислиме дека сè можеме сами, но тоа не е во ред. Ако нешто ви е потребно – еден час сон, некој да ви ги измие садовите или само момент пауза со кафе – тоа е сосема во ред. Понекогаш нема да можете сè да постигнете, но не ни морате.

Ќе треба да се вооружите со трпение

Велат дека трпението е голема доблест. Тоа е вистина, но не е секогаш лесно. Кога се чувствувате како единствената што го води целото „шоу“, некогаш морате длабоко да навлезете во себе за да ги најдете и последните трошки од трпението. Но, тоа е таму. Иако некогаш е тешко да се најде трпение, продолжете да трагате и ќе ви биде полесно.

Ќе бидете исполнети кога ќе видите дека вашите деца се сакаат

Ова беше моето најголемо и најпријатно изненадување откако станав мајка. Не очекував дека ќе бидам толку среќна да имам деца кои толку се сакаат. Се разбира, понекогаш не се синхронизирани. понекогаш поголемиот е повеќе груб, а малиот премногу кенкав. Но, поголемиот дел од времето вашите деца ќе се сакаат многу силно и многу гласно и ќе биде прекрасно да се сведочи на тоа.

Последно, но не и помалку важно – Сè ќе направите супер!

Веќе сте неверојатна мајка на едно среќно дете. Второто дете е секако среќно исто како и вие. Ќе бидете повторно мајка и сè ќе поминувате повторно, а тоа ќе бара многу од вас, но исто така искуството ќе биде чудесно и исполнето со љубов како и првиот пат. Цврсто прегрнувајте ги и запомнете – вие го можете тоа.

Автор: Сара Брегел

Извор



912

X