Има многу аргументи „за“ и „против“ доењето. А контроверзиите околу темата постојано се дебатираат, без разлика дали на „Фејсбук“ или некоја славна мајка објавува фотографија на „Инстаграм“ на која гордо го дои своето дете. Има многу митови кога станува збор за доењето, но нема сомнеж дека процесот подразбира одлично искуство за поврзување со вашето дете. Сепак, има и некои интересни моменти кои никој никогаш не ви ги кажал. Ова се неколку од нив.

Вкусот на мајчиното млеко никогаш не е досаден

Би помислиле дека некој би се изморил од консумирање на истиот пијалак секое утро, попладне и навечер, но мајчиното млеко може да има различен вкус врз основа на она што го јадете. Ова е одличен начин природата да го подготви бебето да се навикнува на вкусовите на цврстата храна.

Вашите гради обезбедуваат „ликвидно злато“ во првите неколку денови

Откако ќе се породите, градите лачат жолтеникава течност позната како колострум или ликвидно злато. Во неа има хранливи материи како калциум, калиум, протеини, минерали и антитела.

Мајчиното млеко има заздравувачка моќ

Можеби сте слушнале за ова претходно, но сте биле скептични, но вистина е така. Мајчиното млеко може да излекува мали повреди како конјунктивитис, ушни инфекции, гребеници, исеченици и отечени брадавици. Кој би знаел.

Горите калории со самото тоа што произведувате млеко

Познато е дека доењето помага да ви се врати матката во првобитната големина и дека помага при губење на килограмите, но колку навистина се горат калории со лачењето млеко – одговорот е 1.000 калории дневно, што значи дека треба да јадете плус 500 калории дневно за да се одржувате.

Вашите гради не се еднакви во однос на производството на млеко

Повеќето гради не се исти во големината, но изгледа дека не се исти и во однос на производството на млеко. Околу 75 проценти од мајките произведуваат повеќе млеко во десната дојка, без разлика дали се левучари или не.

Од каде излегува млекото?

Ова не е лесно прашање бидејќи млекото излегува од неколку дупки – не само од една, но количината варира кај секоја мајка.

Во 60-тите години хранењето на детето со адаптирано млеко било многу „шик“

Бидејќи многу работи влегуваат и излегуваат од мода, истото се случило и со доењето. Во 60-тите години помалку се зборувало за здравствените придобивки од мајчиното млеко, а адаптираното млеко било попопуларно. Во САД, во тој период е регистрирана најниска стапка на доење, бидејќи само 20-25 проценти од мајките во тие години пристапувале кон природен начин на хранење на децата.

Може да заштедите пари

Доењето значи дека немате потреба да трошите пари на адаптирано млеко. Пресметајте колку е тоа, сигурно е поголема сума на пари.

Доењето значи сон за сите

Не само што мајчиното млеко содржи мелатонин, што му помага на бебето да заспие, туку ви помага и вам да заспиете. Според една студија, мајките што дојат во просек имаат 40-45 минути повеќе сон на ноќ, во првите 3 месеци по породувањето.

Автор: Никол Вивер

Извор



912

X