Деветгодишното момче од регионот Кансаи поставило рекорд станувајќи најмладиот ученик што успеал да го положи факултетскиот испит по математика, изјави организаторот на тестот.

Шогог Андо, ученик во четврто одделение во Нишиномија, префектура Хјого, го положил највисокиот тест наречен „Сукен“ организиран од математичкиот институт во Јапонија.

Андо го соборил претходниот рекорд поставен од Хирото Такахаши, кој го положил тестот на 11-годишна возраст.

Институтот вели дека Андо почнал да учи за тестот на 7-годишна возраст.

– Сакам да го искористам моето математичко знаење и да придонесам за општеството преку истражување, како што е спречување на глобалното затоплување – изјави момчето.

Тестот е достапен во 14 нивоа, од ниво за претшколска возраст до факултетско ниво. Секоја година тестот го полагаат повеќе од 350.000 луѓе. Тестот покрива широк спектар на предмети.

Стапката на положување за најновиот тест е 14,4 отсто.



912

X