Секогаш треба да ги поддржувате вашите деца и нивните природни таленти. А ако ги негувате, им претстојат големи моменти. Токму затоа родителите на 9-годишниот Џо Вејл го охрабрувале да продолжи да црта, иако тој западнал во неволја затоа што цртал за време на час.

Фото: Greg Whale

И додека повеќето родители би ги укориле своите деца поради невнимавање на час, родителите на Џон направиле нешто друго. Знаејќи за неговиот огромен талент, тие го испратиле Џон на часови по уметност, а неговите уметнички способности брзо го забележале сите околу него. На неговиот наставник по уметност му се допаднала неговата работа, па тој ги споделил неговите цртежи на „Инстаграм“.

Фото: Greg Whale

Цртежите биле забележани од персоналот на ресторанот „Намбр 4“ во Шрусбери, Англија, па Џо бил поканет да го декорира ресторанот. Сега, Џо има сопствена веб-страница каде што може да го покаже својот талент.

Фото: Greg Whale

Извор



912

X