По големото невреме, семејството Брандао останало без струја неколку дена, па користело генератор за загревање на куќата и складирање на храната во фрижидер. Иако нашле решение за струјата, се случила опасна работа бидејќи агрегатот почнал да испушта јаглероден моноксид, отровен гас кој се шири низ нивната куќа.

Мајката Марселина прво имала главоболки, а потоа целосно ја изгубила свеста.

– Мислев дека станува збор за обична главоболка, а потоа, по 2-3 минути не чувствував ништо – вели мајката.

Таа и нејзиниот сопруг ја имаат 9-годишната ќерка Џајлин, која исто така во тоа време била дома. Гледајќи ја мајката која се онесвестила и таткото кој губел свест, девојчето се исплашило, но морало да реагира.

– Слушнав дека тато вика, а мама беше во несвест – вели девојчето.

Тоа го зело телефонот на татко си, кој бил заклучен, успеала да му го доближи до лицето и така го отклучила, па повикала помош.

Девојчето успеало да ги извади од домот својата постара сестра и бабата за да се спасат од опасните гасови.

– Таа е толку паметна. Да не беше таа, којзнае што ќе се случеше со сите нас. Не би била сега жива – вели мајката.

Извор



912

X