Раѓањето на детето не ги менува само жените, туку и мажите. Меѓутоа, општеството често ги занемарува, па тие наидуваат на многубројни препреки во текот на трансформацијата од маж во татко, а не треба ниту да се спомене колку е важна татковската фигура за детето.

Истражувањето на организацијата „Промунда“, која се бори за рамноправност на половите, открило дека дури 85 отсто од татковците во САД, Велика Британија, Аргентина, Бразил, Канада, Јапонија и во Холандија би дале сѐ за да бидат што повеќе вклучени во првите недели и месеци од животот на своето дете.

Сепак, помалку од 50 отсто од нив не го прават тоа бидејќи државните политики, притисокот на општеството, финансискиот притисок и недостигот на поддршка им го оневозможуваат тоа.

– Мораме подобро да се послужиме со демографската политика и да ги промениме културолошките стереотипи што се однесуваат на мажите – изјави Моли Кенеди, која ги претстави резултатите од истражувањето. Таа смета дека е позитивно за сите кога татковците имаат право на родителско отсуство.

Заклучокот е дека родителското отсуство, односно породилното, е право што го имаат сите жени, но истото би требало да биде случај кога се во прашање и мажите. Сите родители би требало да се чувствуваат пријатно ако направат пауза од работа за да им се посветат на своите деца и нивното воспитување.



912

X