Како родители, секогаш барате одредени суптилни знаци кои го откриваат карактерот на вашето дете. За да го поттикнете детето на вистинскиот начин, важно е да ги набљудувате и препознаете неговите интереси. Според д-р Марти Олсен Лејни од Америка, иако со текот на времето се менуваме и растеме, се раѓаме како интровертни или екстровертни личности. Д-р Лејни смета дека децата почнуваат да покажуваат знаци на интровертност или екстровертност од 4-месечна возраст. Во продолжение следуваат 10 знаци кои упатуваат на тоа дека вашето дете е интроверт.
1. Љубопитен кон светот, но внимателен во неговото истражување
Многу интроверти имаат остар ум и природно се љубопитни. Се прашуваат како функционира светот и што се крие под површината. Лесно поставуваат прашања бидејќи се во постојана потрага по подлабоката смисла. Меѓутоа, интровертите имаат тенденција да бидат набљудувачи – повеќе сакаат да гледаат и да размислуваат отколку да скокнуваат и активно да работат. Твоето дете би можело да биде интроверт ако во голема група често се стои настрана набљудувајќи ги другите и она што го прават некое време, пред да се приклучи. Општо, интровертните деца сакаат да играат на сигурно, а не да ризикуваат – гледаат пред да скокнат и размислуваат пред да прозборуваат.
2. Чувствителни во однос на околината
Интровертните деца често се многу чувствителни. Ако твоето дете често плаче или, пак, е многу вознемирено на места со многу активности и врева, можно е тоа да е знак за интровертност. Имено, харвардските психолози Џером Каган и Ненси Снидман откриле дека бебињата што се многу до претерано чувствителни на непознати дразби растат во срамежливи или затворени возрасни лица. Како што расте, детето може да се затвори, да се „залепи“ за „сигурно“ лице или да се сруши во метеж, нови луѓе или ситуации. Во споредба со екстровертите, интровертите полесно се вознемируваат од одредена стимулација.
3. Мала тежина при раѓање или раѓање пред термин
Студијата објавена во Архивата за болести во детството – издание за фетус и новороденчиња, открива дека децата родени со мала тежина или недоносените деца веројатно ќе бидат интроверти.
4. Замолчува кога запознава нови лица, но оживува по враќањето дома
При средба со непознати лица твоето дете избегнува контакт со очите и одеднаш станува тивко и повлечено – тоа често е знак на интровертност. По природа на интровертните лица им треба повеќе време да се опуштат при запознавањето нови луѓе, а истите обрасци се присутни и кај децата. Меѓутоа, дома, во познатата средина во која детето се чувствува сигурно, тоа нема да се колеба да ви ги покаже своите чувства или да ви раскаже приказни, односно да биде целосно отворено.
5. Лесно наоѓа начин да се забавува само
Многу интровертни деца имаат силна имагинација и богат внатрешен свет, па лесно се заигруваат и сами. Ако вашето дете поминува часови во фокусирана игра со одредена играчка, можеби е интроверт. Постарите деца поминуваат време во своите соби со затворена врата, во осамени активности како читање, цртање или играње игри, без потреба за поголемо друштво.
6. Често доживува слом по напорен ден или долга игра со врсниците
Интровертите лесно се исцрпуваат при дружењето и потребен им е одмор за да се наполнат со енергија. Кога вашето дете поминува време со други деца, обидете се да забележите како се чувствува и како реагира: дали е уморно, нервозно или скршено по состанок – дури и ако сè било во ред и одлично се забавувале? Ако е така, можеби е интровертна личност.
7. Има проблем со одвојување
Немаат сите интровертни деца проблем со анксиозност при одвојување, но прилично е вообичаено дека ја доживуваат. Интровертите се општо посклони кон анксиозност за разлика од екстровертите, па ниту децата не се исклучок. Што се случува кога детето го оставате, а е на претшколска возраст? Доколку плаче, вознемирено е и ве моли да не си одите додека другите деца се сосема добро, можно е да се работи за страв од одвојување.
8. Размислува за подлабоки теми
Сите деца поставуваат прашања, но интровертните деца често изненадуваат со длабочината на своето размислување. Често изгледаат постари отколку што се, а ги интересираат теми кои се многу комплексни. Изненадувачко е и тоа што дури на многу рана возраст многу интровертните деца може „да излезат надвор од себе“ и да размислуваат за своето сопствено однесување.
Автор: Ана Хлаќа