Дали знаевте дека освен постпородилна депресија постои и депресија што се јавува во текот на бременоста? Погледнете како ќе ја препознаете…

Деновите на бременост се време на уживање и радост на голем број жени, но има и идни мајки за кои бременоста е време на тага. Постпородилната депресија е сè попозната и речиси сите чуле за неа, но за депресијата што се јавува за време на бременоста сè уште ништо не се знае.

Препарталната депресија опфаќа една од пет жени, а често жената поминува низ неа без дијагноза и воопшто без свест дека нешто не е во ред. Причина за тоа е фактот дека нејзините симптоми се слични со симптомите на бременоста: замор, несоница, промени во апетитот, зголемување на телесната тежина и слично.

Доколку кај себе или кај некоја друга бремена жена ги препознаете показателите на препартална депресија, имајте на ум дека тоа е целосно природна појава и дека помошта е лесно достапна. Значи, најважно е да се препознаат симптомите, а тие се следниве:
– чувство на вина, нервоза и безвредност;
– замор или губиток на енергија;
– проблеми со концентрацијата;
– промени во навиките за исхрана;
– несоница или предолго спиење;
– намален интерес за активности во кои бремената жена обично многу уживала;
– чести суицидални мисли.

 



912

X