Воспитување

8 разлики меѓу мудро строги и сурово строги родители

Дали сте премногу строги?

Во последните години сѐ повеќе жалиме за времето кога авторитетите беа строги. Од друга страна, не сакаме некој да биде груб со нашите деца. Така и треба да размислуваме.

Строгоста е одлична, грубоста е забранета!

Еве ги јасните разлики помеѓу овие две категории:

Строгите родители не дозволуваат децата да грешат, строгите родители не дозволуваат да се повторат посериозни грешки од ист тип. Често забораваме дека на детето му требаат уште триесет години за да биде таму каде што сме денес, т.е. да биде организирано, одговорно, уредно…

Забораваме дека некогаш не знаевме каде е нашата лектира, дека не сме ги ределе уредно парчињата облека… Секоја грешка не е реакција, особено не тешка.

Суровите авторитети си даваат право да ја проценат вредноста на детето, додека другите знаат дека вредноста на секој од нас е бесценета.

Мудриот строг родител казнува со одземање на телефонот, а суровиот со молчење, игнорирање, презир, потсмев… Родителската љубов никогаш не смее да се доведува во прашање, што и да направило детето.

Суровите родители не ги почитуваат детските емоции, додека оние кои се мудро строги ги разбираат и ги прифаќаат детските чувства, но не им попуштаат. На пример, ако детето се плаши да остане само дома, суровиот родители ќе го нарече детето кукавица и ќе го остави само онолку колку што мисли дека треба, додека мудриот нема да го осудува стравот на детето, туку ќе каже дека, на пример, и тој се плашел кога бил мал и на почетокот ќе го остави детето само многу кратко.

Строгите родители им ја предаваат на децата одговорноста за нивните обврски, суровите им ја пренесуваат сопствената. Строгите родители знаат дека децата треба да работат, но за жал во последно време сѐ почесто слушам дека, на пример, некоја девојка редовно готви наместо мајката, затоа што мајката не е талентирана или има многу обврски со кариерата.

Суровите родители ја оптоваруваат совеста на детето со чувство на вина, додека строгите и мудрите знаат дека вината е непотребна откако детето ќе го промени своето однесување, или ќе се извини искрено. Тие потоа му обезбедуваат на детето удобност и поддршка.

Строгите родители поставуваат високи очекувања во согласност со способностите на детето, суровите во согласност со нивните желби.

Суровите родители не разликуваат лоша намера од лошо дејство, додека мудрите строги родители тоа многу добро го знаат. На пример, нашето дете еднаш го изми телефонот на татко му затоа што претходно паднал во прашина, со желба повторно да го направи убав и чист.

Автор: Билјана Грбовиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top