Игротека

8 работи во домот што можат да бидат опасни за малите деца во текот на празниците

Во текот на празниците целото семејство се собира дома, се оди на гости, па добро би било да внимавате на овие работи што би можеле да бидат опасни за малите деца.

1. Новогодишна елка и украси

Внимавајте како ќе ја украсите елката ако имате мали деца бидејќи украсите, а посебно оние од стакло, може да бидат опасни. Лампионите може да им изгледаат како бонбони, па би можеле да ги изедат. Кршливите и опасни украси ставете ги на врвот.

2. Играчки за деца

Компаниите што произведуваат играчки мора на секоја да стават ознака за која возраст е приспособена. Тоа го прават во соработка со експерти и постои причина зошто на играчката пишува, на пример, дека не е наменета за деца помали од три години.

Но, многу родители сметаат дека нивното дете може да си игра со играчки за поголема возраст, а тоа може да биде опасно. Треба да внимавате и ако имате деца на различна возраст, помладите да не користат играчки од постарите што можат да бидат опасни за нив.

3. Мали батерии

Батериите можат да бидат исклучително опасни за малите деца, кои веројатно ќе се обидат да ги голтнат, а може да дојде и до најлошиот исход. Затоа, внимавајте каде ги чувате батериите и добро затворајте ги сите капачиња за батерии на играчките.

4. Лековите на баба

Доколку бабата ви доаѓа на гости за празниците, веројатно со себе ќе ги носи и своите лекови. Јасно дајте ѝ до знаење да ги држи лековите подалеку од дофат на децата, кои љубопитно ќе го истражуваат она што им е ново. Бидејќи децата сакаат да ставаат работи в уста, јасно е каква опасност се заканува.

5. Светилки

Иако задушувањето со светилки за елката е ретко, од нив се заканува сосема друга опасност. Имено, шарените светилки на децата им изгледаат како бонбони и може да се обидат да ги скинат и да ги пробаат.

6. Држачи за божиќни чорапи

Многу божиќни чорапи се фиксираат така што на нив се става нешто тешко, па потребно е чорапите да бидат ставени повисоко за децата да не можат да ги дофатат, да ги повлечат и врз нив да падне некаков тежок предмет.

7. Оган

Многумина имаат камини или печки кои во текот на празниците се централен дел од домот околу кој сите се собираат. Во текот на празниците обидете се тој простор да го заградите за децата да не го допрат каминот.

8. Божиќно цвеќе и други растенија што изгледаат вкусно

Иако детето нема да умре ако изеде ливче од ваквите цвеќиња, во повеќе случаи тоа може да предизвикаат дијареја. Чувајте ги подалеку од нивниот дофат.

Извор

Поврзани написи

To top