Воспитување

8 работи на кои секој татко треба да го научи својот син

Поголемиот дел од времето момчињата се во друштво на жени, почнувајќи од мајката, па во градинка и во училиште каде што 90 отсто од вработените се жени и затоа не е погрешно да се каже дека на момчињата понекогаш им недостига „машко образование“. Иако оваа листа важи за секое дете, без разлика дали се работи за девојче или момче, сепак, прочитајте ги следните 8 работи на кои секој татко би требало да го научи својот син:

Да му објасни колку е важно да знае да победи, но и да изгуби

Освен пријателите, кој го сочинува најдоброто друштво за детето кога се во прашање натпреварувачките игри? Таткото. Низ такви игри детето ќе дознае какво е чувството на победа и ќе сфати колку труд е потребно за да дојде до победа. А за таткото, таквите игри се одлична можност да му објасни на синот дека поразите се неизбежни. Без разлика на полот на детето, секој родител би требало да го научи дека не постои ништо срамно во поразот, дури и дека ако „паднеш“, само треба да станеш и да продолжиш понатаму.

Да го научи како да се однесува кон жените

Мајката, исто така, може да му каже на синот како да се однесува кон жените, но само таткото може тоа да го покаже преку свој пример. Најважно е момчињата да ги научат таквите работи од татковците – не од пријателите и не од интернет. Покажете му на синот како да се однесува кон жените во секојдневни ситуации: заедно со вас нека купи цвеќе за мајката, а кога сте во продавница – љубезно разговарајте со продавачката за детето да не се двоуми да комуницира со непознати жени. Со малите и секојдневни гестови најмногу ќе влијаете врз своето синче.

Разговарајте за љубовта

Кога ќе дојде време за тоа, научете го својот син за моќното чувство на љубовта. За тинејџер секако ќе биде скапоцен подарок ако неговиот татко разговара со него за својата прва љубов и за состаноците.

Како да се заземе за себеси

Секој татко би требало да го научи синот како да се заземе за себе и како мирно да реагира во провокативни ситуации. Повторно, најдобро е да научи преку пример од таткото и покажувајќи му дека љубезноста не е слабост.

Како да го пронајде својот поглед на свет

Дури и не треба да направите нешто посебно освен да бидете тука за своето дете и да разговарате со него. Ваша задача е да му покажете на детето дека не е само мама таа со која може да разговара и која има свои очекувања и барања, туку дека постоите и вие, како лице со различен пристап. Се разбира, кога е во прашање воспитувањето на детето, родителите би требало да бидат на иста страна. Но, во смисла на поглед на свет, нивната филозофија може да се разликува и тоа е нормално. Со помош на таткото, детето ќе научи дека постојат различни погледи на иста појава, ќе научи да анализира и да го обликува својот сопствен поглед на свет.

Да се збогатат искуствата на детето

Сè почнува кога вашето дете е бебе. Дури и шестмесечно бебе може да ја почувствува разликата помеѓу женското и машкото покажување љубов. За разлика од мајката, која најголемото внимание му го дава преку галењето и нежните игри, татковците преферираат игри со „помажествен карактер“, како фрлање во воздух или вртење со рацете.

Да го научи на „машки“ трикови

Постојат некои работи што ги прават мажите, а кои понекогаш изгледаат како магија. На пример, поправање на автомобилот или забивање клинци. Дури и ако вашето дете е 100 проценти урбано, нема сомнеж дека триковите како палење оган еден ден ќе му бидат корисни, па дури и ако се работи за палење оган за скара. Освен тоа, како и за сите други вештини на кои родителите ги учат децата – присутни се и забавата и заедничко поминатото време.

Да му помогне да ги совлада домашните обврски

Без разлика дали е во прашање бричење, пеглање, врзување вратоврска, готвење или миење садови – домашните обврски најдобро се учат преку примерот на родителите. Ако вашиот син гледа дека и вие, заедно со мајката, ги завршувате сите домашни обврски, речиси е сигурно дека и тој ќе го следи вашиот пример. Покрај кој друг освен покрај таткото момчето ќе научи дека и мажите добро се снаоѓаат во домашните обврски.

Автор: Ана Шефчек

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top