Воспитување

8 контроверзни и строги правила на една мајка

Ништо не може да го подели мислењето како темата за воспитување на децата. На интернет ќе најдете родители кои особено се гордеат што ги воспитуваат своите деца „надвор од рамките“, исто како Австралијката која е потпишана под корисничкото име „@captain_tuk“ на „Тик-ток“.

Таа неодамна споделила видео во кое се наведени осум „контроверзни правила“ на кои инсистира во родителството.

„Нема часови по пливање, и покрај тоа што живееме на брегот. Нема високи столчиња за хранење – дури и за бебиња. Нема структурирана игра – воопшто не ги забавувам децата. Нема колички – освен ако не се потребни за носење играчки или шопинг“, ги кажала таа првите четири правила и признала дека ниту една од овие одлуки не била лесно донесена.

@captain_tuk None of these decisions have been taken lightly ?? #momsoftiktok #sahm #ruralmom #riskyplay #2under2 #controversial #captain_tucker ♬ ocean eyes – Billie Eilish

Таа потоа објавила и второ видео, со уште четири правила кои ги следи.

„Нема дневен престој – тие одат на работа со нас или ние едноставно не одиме на работа. Нема чевли – освен ако не е премногу ладно или конкретно не бараат чевли. Нема игротеки или часови – ништо што е незадолжително. Нема розова и сина боја – ќерка ми нема да има розова опција освен ако нејзиниот брат не носи иста боја“, истакнала таа.

Двете видеа привлекле илјадници прегледи и коментари, а мислењата за нејзиниот родителски стил се многу поделени. „Зошто чевлите се забранети?“, прашало едно лице, на што мајката појаснила: „Чевлите не се баш добри за нас, исто како што не е добро одењето на рамни површини. Да, удобно е, но нема да помогне да се изградат силни мускули/зглобови“.

@captain_tuk #momsoftiktok #momlife #youngmom #ruralmom #contraversialparenting #sahm #daycare #barefoot #workingmom ♬ Home – Edith Whiskers

„Одењето во игротека не е обврска, тоа е време за играње“, напишал друг.

„Лекциите по пливање можат да спасат животи“, ја предупредил трет корисник.

„Во која земја живеете? Некој нека се јави во социјалните служби“, вели четврти.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top