Се разбира, знаете како оди тоа, сте читале и слушале за тоа илјадници пати. Лекарот ви вели да туркате, а потоа вашето бебе го наоѓа своето место во вашата прегратка. Но, што потоа? Прочитајте за следните поглавја по раѓањето, и иако е многу детално опишано, сепак, вреди целосно за моментот кога ќе го земете бебето в раце.

1. Ќе ве обземе треска по целото тело

Не изненадувајте се ако се чувствувате многу нервозно по породувањето. Повеќето жени ќе доживеат треска на целото тело по породувањето“, вели д-р Мишел Хакака, гинеколог и авторка од Калифорнија. Тоа е нормално и веројатно нема никаква врска со тоа дека во просторијата е студено. Треската се појавува поради хормонската промена што се јавува по породувањето. Исто така, тоа може да биде реакција на анестезијата или на ослободувањето на ендорфинот. Не грижете се, тоа ќе престане во рок од неколку минути, или во најлош случај, по неколку часа.

2. Шиењето е неизбежно

Веројатно сте слушнале дека епизиотомијата е рутинска постапка, но вистината е дека шиењето веројатно ви е потребно. Дури и ако лекарот не направил рез, можеби ќе завршите со неколку шевови бидејќи минималното расцепување на перинеумот е вообичаено, особено за новите мајки. Добра вест е – ако сте се одлучиле за епидурална, веројатно нема да почувствувате ништо, ниту расцепувањето ниту шиењето. Но, ако сте се одлучиле да родите без епидурална анестезија, ќе добиете инјекција за тоа подрачје да трне. „Нема да го разубавуваме фактот дека примањето инјекција во вагиналното подрачје не боли“, вели д-р Хакака.

3. Вашето бебе можеби нема да сака да цица

Веројатно сте слушнале дека е важно да почнете да доите колку што може побрзо по породувањето. Тоа е вистината, но немојте да се изненадите ако детето не е заинтересирано за хранење веднаш. „Повеќето бебиња најчесто не сакаат да јадат 15 до 30 минути по породувањето“, вели д-р Хакака. Тогаш можете само да го држите до себе за да се поврзете. „За тоа време допирот на вашата кожа и кожата на бебето е многу важен за да се воспостави врска и за бебето и за мајката“, вели д-р Хакака.

4. Ќе се чувствувате како вреќа за бокс

Мислите дека луѓето сакале да го допираат вашиот труднички стомак? Само чекајте лекарите и медицинските сестри да дојдат до вашиот стомак по породувањето. „По породувањето матката мора да се намали од форма на голема лубеница до големина на диња“, вели д-р Ивон Бон. Окситоцинот помага во овој процес бидејќи поттикнува контракции на матката, но вашиот лекар или бабица исто така би можела да се обиде да помогне во овој процес. „Тие ќе ја масираат матката за да ги намалат контракциите“, вели д-р Бон. „А сестрата ќе го притиска вашиот стомак и ќе го масира на секои 15 минути во првите два часа по породувањето. Тоа може да биде многу болно, особено ако не сте примиле епидурална анестезија“.

5. Ќе има крв

Веќе знаете дека породувањето е неуреден потфат, но дали сте го знаеле ова? „Во првите 10 минути од породувањето губите многу крв, околу половина литар, а понекогаш и повеќе“, вели д-р Хакака. Во деновите по породувањето нормално е да се има дополнително крвавење откако сте седеле или лежеле некое време. Исто така, нормално е да исфрлате и големи згрутчувања на крв, 24 часа по породувањето. Меѓутоа, ако исфрлате згрутчувања кои се поголеми од кајсии, или ги забележувате на секој час, известете го лекарот за тоа. Важно е да знаете дека крвавењето постапно треба да се намалува, но би можело да потрае и четири, па и до шест недели по породувањето.

6. Вагиналното подрачје би можело да отекува

Би можеле да се шокирате околу тоа колку вагината може да отекува додека заздравува, особено ако породувањето траело подолго. „Ова може да биде алармантно бидејќи срамните усни може да бидат трипати поголеми од нормалната големина“, вели д-р Хакака. Кесите со мраз би можеле да станат ваши „најдобри пријатели“. Тие ќе ви помогнат да исчезне непријатното чувство и да се намали отокот.

7. Можеби нема да смеете да станете од кревет

Ако сте имале царски рез, опуштете се во својот кревет бидејќи ќе морате да останете таму 12 часа. Зошто? „Поради епидуралната анестезија, вашите нозе ќе бидат преслаби за да можете да одите“, нагласува д-р Бон. За среќа, ќе бидете опкружени со медицински сестри кои ќе ви помогнат да се грижите за своето бебе додека сте врзани за кревет.

8. Ќе се потите

Немојте да се чудите ако повеќе се потите во текот на првите неколку недели по породувањето, особено во текот на ноќта. Тоа е затоа што нивото на естроген во вашето тело значително паѓа, а промената на хормоните ќе ја наруши природната регулација на температурата на вашето тело. Не грижете се, работите ќе се вратат во нормала за месец-два.

Автор: Ерика Расмусон Џејнс



912

X