Твитер-корисникот Мајк Пиколо ја сподели брилијантната приказна за тоа како неговата осумгодишна внука успеала да ги измами родителите, наставниците, директорите, па дури и техничкиот тим за поддршка на „Зум“.

Како што објаснува Мајк, неговата сестра има три деца. Сите се ученици и поради пандемијата, мора да следат онлајн-настава преку „Зум“. Еден ден апликацијата на неговата внука „мистериозно“ престанала да работи, и тоа среде настава. И покрај тоа што мајката еден час се обидувала да ја оспособи за работа, не успеала да се најави и едноставно претпоставила дека станува збор за технички проблем. Но, проблемот не успеал да го реши ниту тимот за техничка поддршка, па мајката морала да ѝ објасни на наставничката дека нејзината ќерка не може да ја следи наставата.

Таа се обидела да се најави на „Зум“ и од друг дом, поминала еден час на телефон разговарајќи со тимот за техничка поддршка, а наставничката се обидела да создаде нов состанок со цело одделение со надеж дека сето тоа ќе функционира и девојчето ќе може да пристапи. Но, повторно сè било без успех. Бидејќи проблемот не можел да се реши, на оваа мајка не ѝ преостанало друго освен да се стави во улога на наставничка и дома сама да ја учи ќерка си.

На крај ја испратила ќерката кај нејзината пријателка за да ја следи наставата од нејзиниот компјутер. Но, девојчето воопшто не видело дека пријателката на мајка ѝ следи што прави.

– Девојчето не знаело дека некој ја гледа. По еден час поминат на „Зум“, девојчето повеќе не можело да ја следи наставата, па одлучило да не ја следи. Се одјавила од апликацијата и потоа 20 пати по ред внесувала погрешна лозинка.

– Мојата внука сфати дека откако ќе се пријавиш со погрешна лозинка, „Зум“ го заклучува тој профил одредено време. Колку повеќе пати ќе го направите тоа, толку подолго треба да чекате за да се вратите на „Зум“. Исто така, таа забележа дека грешката што му се прикажува на корисникот кога неговиот профил е заклучен е „Неточна лозинка“, а не „Вашиот профил е заклучен“ – вели нејзиниот вујко.

Така, 8-годишното девојче три недели успевало да излаже дури осум возрасни луѓе кои со сите сили се обидувале да го решат проблемот.

Објавата собрала илјадници лајкови, а многу луѓе рекоа дека се воодушевени од мудроста и снаодливоста на ова девојче.

Извор



912

X