Воспитување

Едноставни начини да го научите детето да биде благодарно

Благодарноста е важна во животот бидејќи така стануваме свесни за она што го имаме и што сè сме добиле. За детето да порасне во благодарна личност која е свесна за својот живот, луѓето и работите од средината, потребно е од мали нозе да се научи на благодарност.

Ерика Луп, новинарка, мајка и блогерка, сподели неколку совети како да го научите детето да биде благодарно за сето она што го има, но и подоцна во животот. Малечките деца често се себични, но тоа е само една фаза од нивниот развој. За детето да биде благодарно во текот на својот развој, но и подоцна во животот, можеме да му помогнеме на неколку начини.

1. Биди трпелив родител

Пред која било лекција, активност или разговор за благодарноста, треба да се потсетиш дека трпението е задолжително. Децата не се раѓаат со разбирање за благодарност и нема нужно веднаш да го разберат таквиот апстрактен концепт. Кога твоето дете ќе заборави да каже „благодарам“ или одбие на некого да му ја даде својата кукла, остави го. Учењето на благодарност е маратон, а не трка на кратки патеки.

2. Создавај благодарност

Внимавај на своето однесување бидејќи се работи за твоето дете. Кога ќе ти се укаже можност, покажи му на твоето дете колку си благодарен. А тоа не значи дека треба да правиш некои големи работи. Едноставно, во продавница зборовите „благодарам за помошта, го ценам тоа“ или на некое слично место – се чин на благодарност од кој детето може да учи.

3. Подарувај

Дали Дедо Мраз на твоето дете му подарил многу играчки? Големи кутии со играчки се наоѓаат низ сите соби, а понекогаш не можеш ни да видиш колку многу коцки, кадифени играчки, кукли, автомобилчиња има насекаде. Време е да го научиш своето дете да биде благодарно. Заедно со детето одделете ги играчките што повеќе не ги игра и подарете им ги на оние на кои им се потребни. Чинот на подарување ќе му помогне на детето да ги почитува работите што ги има, а тоа ќе доведе до благодарност.

4. Благодарам, благодарам!

Навистина треба да се зборува за благодарноста. Потсети го своето дете да каже „благодарам“ кога некој ќе му помогне, ќе го пофали или ќе му каже нешто убаво. Твоето малечко дете сè уште е многу егоцентрично, така што за вербална благодарност од негова страна можеби ќе треба да помине извесно време.

5. Вежбајте зборови

Детето го проширува својот вокабулар, додава нови зборови кои ги препознава и ги кажува секој ден. Научете го детето паралелно со зборови како „автомобил“, „чевли“ и слично да научи зборови со кои може да изразува благодарност.

6. Речи „не“

Ако на детето постојано му велиш „да“, тоа нема да му помогне да научи повеќе за благодарноста. Давајќи му сè што сака и кога сака, можеш да го доведеш само до сознание дека тоа има различни права од другите. Кажувањето „не“ одвреме-навреме е многу важно бидејќи тогаш и она „да“  добива поголемо значење. Тоа топло чувство ќе го доведе детето до благодарност.

7. Помош

Иако можностите за помагање кај малите деца се многу ограничени, тоа не значи дека детето не може да направи нешто едноставно. Побарај соодветна добра пригода детето да може да помогне во некоја работа. На пример, да донесе нешто или да го замолиш да ѝ помогне на бабата околу кучето.

8. Цртајте

Иако твоето дете не може да напише голема благодарница, тоа може да црта, и тоа би можело да биде едно вистинско мало уметничко дело. Секогаш кога е време за некоја забава, роденден или празници – дајте му боички и хартија за цртање. Твоето креативно мало дете може да каже „благодарам“ и со помош на цртеж!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top