За некои жени кариерата е главна цел во животот, а други веруваат дека мајчинството е највозвишената улога што може да ја имаат припадничките на понежниот пол. Овие славни дами покажуваат дека кариерата не го исклучува мајчинството. Впрочем, тие со својот пример докажуваат дека најголемите професионални успеси можат да се случат и откако жената ќе стане мајка.

Мерил Стрип

Славната холивудска дива има плодна кариера долга дури четири десетлетија и за тоа време таа ја освоила престижната награда „Оскар“ дури трипати, а била номинирана дури 21 пат. Својата прва златна статуетка ја добила во 1980 година за филмот „Крамер против Крамер“ откако го родила своето прво дете – синот Хенри. Потоа родила уште три ќерки, а кариерата со текот на годините ѝ станувала сѐ поуспешна. Денес се смета за една од најголемите актерки на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

Are you excited for the Oscars this Sunday? Who are you rooting for? #oscars

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) on

Риз Витерспун

Риз Витерспун станала мајка на Ава кога имала 22 години. Иако во тоа време веќе работела на холивудски филмови, поголема популарност стекнала дури десетина години подоцна, откако го снимила филмот „Русокосата од Харвард“, а освоила и „Оскар“ за настапот во филмот „Одење по работ“ на режисерот Џејмс Манголд.
Денес е горда мајка на три деца, а успешната кариера ја проширила и на полето на продукцијата. Имено, токму нејзината компанија го овозможила снимањето на телевизиската серија „Мали лаги“.

Џил Абрамсон

Џил Абрамсон е првата и единствена жена што била извршен уредник на престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ во неговата историја долга 160 години. Денес предава на угледниот универзитет „Харвард“. Овие професионални успеси ги доживеала откако станала мајка.
„Одлучив да имам деца на релативно млада возраст. Ќерката ја родив на 29, а синот на 31 година. Тоа беше храбар потег и најсреќната одлука што сум ја донела во животот. Денес тие постојано ме потсетуваат дека работите се минливи, но семејството е вечно.“

Вера Ванг

Вера Ванг е една од најпопуларните светски дизајнерки, особено кога станува збор за венчаници и свечени вечерни фустани кои ги носеле многу светски дами – од поранешната прва дама Мишел Обама до ѕвездата на реалните шоуа – Ким Кардашијан. Дури 17 години работела како уредничка во американското списание „Вог“, а својата дизајнерска кариера ја почнала на четириесет години – истата година кога ја посвоила својата прва ќерка.

 

View this post on Instagram

 

#FBF to 2018 #CFDA Fashion Awards, stay tuned for the celebrations this Monday… @verawang photo: wwd.com

A post shared by VERA WANG (@verawanggang) on

Тина Феј

Била првата жена што станала главен сценарист на култното американско шоу „Saturday Night Live“ кое се прикажува повеќе од четириесет години.
Постигнала светска слава со серијата „Телевизиски работи“ која сама ја осмислила, а која ја ревитализира кариерата на Алек Болдвин. Серијата почнала да се емитува една година по раѓањето на нејзината ќеркичка Алис.

Дијана фон Фирстенберг

Дијана фон Фирстенберг била разведена 26-годишна жена со две деца кога го дизајнирала својот легендарен фустан на преклоп во раните седумдесетти години од минатиот век.
„Бев толку многу зафатена, што немав време да размислувам што мислат другите за мене. Морав да се грижам за своите две мали деца“, признала дизајнерката.

Џ. К. Роулинг

Првата помисла на малиот волшебник Хари Потер, Џ. К. Роулинг ја добила патувајќи со воз од Манчестер во Лондон, каде што работела како секретарка за „Амнести интернешенл“. Но првите редови од овој мегапопуларен книжевен серијал ги напишала дури неколку години подоцна, откако го родила своето прво дете. Денес се смета за најуспешна писателка на модерното време со богатство кое се проценува на 650 милиони британски фунти.



912

X