Здравје

7 застрашувачки симптоми кај бебето што се совршено нормални

Од непредвидливо дишење до грчење во сон, некои загрижувачки симптоми на бебето се сосема нормални. Дали некогаш избезумени сте му се јавиле на вашиот педијатар само за да дознаете дека загрижувачкиот симптом воопшто не бил проблем? Нема причина да се срамите! Како педијатар во итни случаи и мајка на две деца, сочувствувам со родителите што ми се јавуваат кога сакаат да знаат дали нивното бебе треба да го однесат на педијатар.

Се разбира, некогаш навистина станува збор за итни случаи, но ќе бидете изненадени од тоа колку симптоми не се навистина опасни.

Симптомите што укажуваат на сериозна здравствена состојба кај возрасно лице – како неконтролирано тресење – всушност можат да бидат нормални кај бебето. Тоа е затоа што физичката незрелост на бебето и брзите промени на хормоните го тераат телото да реагира на уникатни начини.

За да не се плашите и да не паничите, составив некои од најчестите застрашувачки, но нормални бебешки симптоми. Но, ако се сомневате дека нешто не е во ред со вашето бебе, секогаш побарајте медицински совет.

Грчеви на бебето во сон – Доколку вашето бебе се грчи во сонот, обично станува збор за безопасен феномен наречен бенигнен миоклонус при спиење. Станува збор за друга форма на миоклонус: икање!

– Бебињата имаат незрел нервен систем и нивните движења се повеќе некоординирани за време на спиењето отколку кога се будни. Овие движења се слични со оние што ние возрасните ги имаме додека заспиваме – вели Мајкл Зимбриќ, детски невролог од Сан Диего.

Лекарите не знаат зошто се јавува бениген миоклонус во текот на спиењето, но забележале дека може да се предизвика од силен шум или допир. Истражувањата покажале дека овие движења се безопасни.

Кога да се грижите?

Клучен показател за вистински напад е абнормалното движење на очите заедно со движењата на телото. Ако ги видите овие застрашувачки симптоми – или ако вашето бебе има проблеми со дишењето, станува сино или нападот трае подолго од пет минути – веднаш одете на лекар.

Затнато носе и абнормално дишење – Станува збор за нормална форма на затнатост предизвикана од хормонот естроген, кој ги стимулира назалните премини; мајката му го дава на бебето во матката и додека го дои. Оваа состојба генерално поминува во рок од два месеца, без разлика дали го доите бебето или му давате адаптирано млеко.

Кога да се грижите?

Одете на лекар ако вашето дете ги тресе ноздрите додека дише (тоа значи дека ова е единствен начин да го отвори преминот за воздух) или ако градите или стомакот се вовлекуваат. Ова се знаци на респираторен дистрес.

Забележливи гради кај момчињата – И овде причината е естрогенот. Бидејќи бебето прима естроген од мајката, пролактинот што произведува млеко привремено се зголемува и може да предизвика раст на градите. Најмалку 50 отсто од здравите новородени момчиња и девојчиња го доживуваат ова.

Кога да се грижите?

Ако градите се црвени или ако вашето бебе има температура, посетете го вашиот педијатар за да утврдите дали има инфекција.

Плукање крв – Тоа не е загрижувачко кај бебето кое се однесува нормално. Може да се појави ако ги разрани болните брадавици на мајката или поради мало расцепување во хранопроводот предизвикано од насилно плукање.

Кога треба да се грижите?

Ако вашето бебе изгледа болно, повраќа голема количина крв, плука крв по хранење или повраќа во млаз, веднаш посетете лекар.

Кожа со нијанса на портокал – Станува збор за чест феномен наречен „каротенемија“, предизвикан од јадење многу зеленчук богат со бета-каротен.

Кога да се грижите?

Искрено, никогаш. Како што се менува исхраната на вашето бебе, портокаловата боја ќе исчезне. Ако продолжите да сервирате многу храна богата со бета-каротен, неговата кожа ќе остане портокалова, но тоа е безопасно.

Благо променливо дишење кај бебињата – Иако ова наизменично дишење може да изгледа алармантно, „периодичното дишење“ е вообичаено. Бебињата нормално дишат побрзо од постарите деца бидејќи нивните бели дробови се мали во однос на големината на нивното тело. Сепак, истражувачите се сомневаат дека причината за нередовно дишење е тоа што хемиските сензори кои откриваат јаглероден диоксид не се целосно развиени кај новороденчето. Ова значи дека бебињата понекогаш едноставно не знаат дека треба да дишат и паузираат додека нивото на јаглероден диоксид не стане доволно високо за да ги активира овие сензори.

Кога да се грижите?

Ако некогаш вашето бебе има сина или сива боја околу устата, или се чини дека се бори да дише, веднаш контактирајте го вашиот педијатар.

Запек – Може да биде доста напорно и загрижувачки ако вашето бебе не извршило долга нужда пет дена, но запомнете дека тоа лежи поголем дел од денот.

– Малите бебиња не знаат како да го контролираат и координираат аналниот сфинктер, мускулот што ја држи столицата во ректумот – вели Ребека Прециози, педијатар во Медицинскиот центар „Шарп Рис-Стели“ во Сан Диего.

Кога да се грижите?

Разговарајте со вашиот лекар ако изметот на вашето бебе е тврд или изгледа како пелети (знаци на запек), или ако вашето дете не излегува секој ден во текот на првиот месец од животот. Може да сигнализира редок проблем со нервите што го контролираат ректумот.

Автор: Венди Хантер
Извор

Поврзани написи

To top