Момчињата-тинејџери се универзална група на која често се гледа со осуда и револт од страна на постарите генерации. Сепак, под целата таа површина на лошо расположени, неуморни, расеани лица, всушност, лежи момче со големо срце кое копнее да биде разбрано и вреднувано. Секој тинејџер може да се бори со односите што ги создава за време на адолесценцијата, како и со биолошките фактори кои ја отежнуваат ситуацијата. Момчињата имаат потреба за автономија и независност, желба за припадност, како и потрага по идентитет – нешто што сите тинејџери го доживуваат во текот на трансформацијата во возрасен човек. Сето ова е во содејство со хормонските, физичките, психолошките и емоционалните промени. Затоа адолесценцијата е тежок период за зачувување и реализирање на односите со родителите.
Често доаѓа и до агресивно однесување кај момчињата, но под сето тоа се крие длабока збунетост, страв од неуспех, срам и интензивна ранливост. Исто така, истражувањата покажуваат дека родителите ги третираат момчињата и девојчињата различно уште од најрани години, што значи дека кон момчињата се погруби. И физичката казна почесто е применувана врз момчињата во повеќето западни земји. Од нив се бара да бидат цврсти мажи кои не покажуваат слабост. Па тие потиснати емоции може да предизвикаат ерупција на нешто далеку подлабоко, што е резултат на нивната фрустрација. Исто така, имаат наплив на тестостерон, со што се создаваат високи нивоа на енергија која мора да биде ослободена. Но, постојат начини на кои можете да им дадете до знаење дека се поврзани со вас и дека се вреднувани.
1. Не засрамувајте ги
Фазата на засрамување доаѓа и поминува, затоа е најдобро да не се засрамуваат момчињата-тинејџери бидејќи тоа навистина лошо им влијае.
2. Дајте им до знаење дека не се глупави, туку дека само се развиваат
Важно е да се запомни дека треба да се поставите на неговото место. Треба да се зборува со тинејџерите за хормоналните, физичките промени кои влијаат врз нивното однесување и начинот на кој тие го искусуваат животот. Ослободувачки за нив е да знаат дека не се глупави, туку дека само се развиваат и да им се потенцира дека работите се олеснуваат по 20-тите години.
3. Не заборавајте ги љубезните зборови
Колку и да е фрустрирачка оваа фаза, треба секогаш да се потсетиме на моќта на користењето охрабрувачки зборови и да го нарекувате вашиот син со зборови кои ја искажуваат вашата љубов и поддршка. Потсетувајте го дека го сакате без разлика на сè.
4. Да им додевате е исто како да врескате во празно
Ефективната комуникација со момчињата-тинејџери подразбира обрнување внимание на тајмингот, тонот на гласот и избегнување директен контакт со очите.
5. Домот нека биде безбедно место за пријатели
Домот секогаш треба да биде отворен за нивните другари. Да постојат цврсти соодветни граници, но децата треба да знаат дека нивниот дом е безбедно место за нив и за нивните пријатели.
6. Кажувајте им приказни за добри мажи
Треба да бидат осипани со вакви приказни, но и за мажи што направиле грешки, кои ја откриле одговорноста и станале свесни за своите дела. Треба да бидеме повеќе отколку само родители што воспитуваат момчиња да бидат мажи.
7. Сакајте ги такви какви што се
Секој тинејџер сака да биде сакан за тоа што е. Момчињата-тинејџери се поранливи отколку што ние мислиме. Треба да ги сакаме и почитуваме нашите синови, особено кога тие не можат да се сакаат себеси – сè уште.
Автор: Меги Дент