Познатата актерка Кетрин Зета Џонс е мајка на двајца тинејџери. Таа во неколку наврати открива на кој начин функционира нејзиното семејство, но и на кои вредности сака да ги научи своите деца.

И Кетрин и нејзиниот сопруг имаат успешни кариери, прекрасна куќа и две деца, 19-годишниот Дилан и 17-годишната Карис. Семејството живее хармонично, тинејџерите се сакаат и се дружат, а поминуваат доста време заедно.

1. Заедничка забава

Како и сите други, и семејството на Кетрин поминува доста време во изолација, па навистина ужива во заедничките моменти. Кетрин сподели еден клип на „Инстаграм“ каде што Карис во кревет изведува една филмска сцена.

 

2. Манирите се многу важни

Во еден магазин Кетрин открила: – Она за што сум многу, многу горда на моите деца се манирите.

3. Кетрин ужива во тинејџерските години

Додека повеќето родители не можат да ја поднесат тинејџерската фаза, Кетрин ужива максимално во неа.

– Ја обожавам. Внесува свежина. Навистина ми е возбудлив тој период. Јас работев кога бев на возраст на син ми, постојано помислувам на тоа. Затоа уживам во овој период и учам многу работи што не ги знаев – вели актерката.

4. Ги охрабрува да ги следат своите соништа

Иако многу актери не сакаат нивните деца да продолжат по истиот пат, Кетрин истакнува дека на своите деца им дава безрезервна поддршка.

– Многумина ме прашуваат што мислам за тоа. Можам да им дадам статистика за тоа колку од нив успеале во оваа работа, а колку не. Можам да им кажам дека никогаш нема да постигнат нешто големо, но не сум таква личност. Имав фантастичен живот како актерка. Среќна сум што можат да почнат ваков пат – изјави таа во една пригода.

5. Секогаш ставаат акцент на работата и трудот

Кетрин и Мајкл секогаш истакнуваат дека е важно да се работи и човек да се посвети на работата. Не би сакале нивните деца да бидат успешни само поради родителите, туку поради трудот и работата.

6. Времето со семејството е од голема важност

Без оглед на работата и учењето, сите наоѓаат време за семејството. Тие сакаат да ги поминуваат празниците заедно, а Кетрин често споделува фотографии од овие моменти.

7. Потсетување на реалноста

Едно од правилата што ги научи Кетрин од своите родители е секогаш да ја гледа реалноста и да сфати што сè има. Благодарноста кон сè е клучна, а на тоа ги учи и нејзините деца.

Извор



912

X