Врската меѓу мајката и бебето се формира многу порано отколку што мислите. Според една студија, фетусот може да ја почувствува емотивната состојба на мајката. Неродените бебиња добиваат сигнали преку телото на мајката, така што од мајката зависи како се чувствува бебето.
Бременоста е време кога жената чувствува набој на позитивни емоции кои треба максимално да се искористат. Колку подобро се чувствувате вие, толку поздраво и посреќно ќе биде и вашето дете.
Во што најмногу уживаат бебињата додека се во стомакот на мајката?
Слатка храна
Бебињата почнуваат да ги разликуваат вкусовите од 13. до 15. недела од животот. Амнионската течност има вкус на храната што ја јаде мајката, а бебињата ја голтаат и така се навикнуваат на различни вкусови.
Ако сакате да бидете сигурни дека вашето бебе добро ќе се храни во иднина, јадете разновидна храна во текот на бременоста.
Бебињата особено ги привлекува слатката храна затоа што таа ги подготвува за доењето.
Топли бањи
Рецепторите за допир почнуваат да се развиваат околу 8. недела од бременоста, а околу 20. бебињата се доволно големи да почувствуваат и допир однадвор. Во текот на овој период можат да уживаат и во чешкањето и во галењето на стомакот.
Ова е одличен начин за поврзување, па дури и таткото може да се вклучи во процесот. Користете масла или кремови за масажа и галете го стомакот со нежни движења додека слушате пријатна и релаксирачка музика.
Слушање гласови
Меѓу 25. и 26. недела бебињата почнуваат да одговараат на бучавата што ја слушаат надвор од матката. А бидејќи вашиот глас им се чини појасен од другите, тие го препознаваат. Тоа им обезбедува чувство на удобност и сигурност и им сигнализира дека сè е во ред.
Ефикасен начин да развиете однос со бебето е да го навикнете на вашиот глас, па затоа почесто разговарајте со него. Бебињата сакаат да слушаат и други гласови, особено гласот на таткото, затоа што полесно ги разликуваат подлабоките тонови.
Слушање музика
Музиката во пренаталниот период има неколку предности. Кога се работи за мајката, таа го произведува хормонот серотонин и поттикнува ослободување на ендорфин, кој се пренесува на бебето. Кога се работи за бебето, музиката ги стимулира сетилата и го поттикнува развојот на мозокот.
Размислете за концерти на класична музика и изложете го вашето бебе на различни звуци.
Редовно вежбање
Клучот за изборот на вистинските вежби во текот на бременоста е следен: тој би требало да е внимателен, соодветен и одобрен од страна на лекар.
Кардио-вежбите се најдобриот вид активности во овој период. Така подобро се развива срцето на бебето и бебињата се посилни ако нивната мајка редовно вежба во текот на бременоста. Кардио-вежбите ја забавуваат срцевата фреквенција, што е добро за бебињата.
Период за одмор
Вашиот период за одмор е најдобриот период за забава! Во време кога вие се одмарате, бебињата се најзафатени затоа што ни една ваша дневна активност, движења и рутини, не им обезбедува можност за толку движење како кога се одмарате. Тогаш тие почнуваат да практикуваат акробатика и да вежбаат нови движења. Таквите настапи не траат долго. При крајот на бременоста бебето ќе се движи од 70 до 90 минути дневно, така што режимот на движење ќе добива некаков вид шаблон.
Смеењето на мајката
Ултразвукот покажува дека фетусите почнуваат да се движат горе-долу кога нивните мајки се смеат. Тоа се случува поради контракцијата на мускулите. Хормоните на среќа што се ослободуваат кога мајката се чувствува одлично влијаат и врз бебето.