На кои работи се сеќавате од детството? Дали се тоа сцени кои вашите родители или пријатели ги споменуваат или е нешто сосема друго? Дали се сеќавате на новогодишниот подарок од пред 2-3 децении или во вашите мисли се застапени фрагменти како мајка ви реагирала кога ќе го видела татко ви, домашната атмосфера, училишните претстави на кои сите дојдоа (или можеби не дојдоа), каде одевте на летување, како се чувствувате кога сакавте да разговарате со своите родители? Да се обложиме дека другото е поверојатно. Тоа е нормално бидејќи постојат некои работи што децата ги задржуваат во својата глава и кога ќе пораснат. Сетете се на ова кога ги поставувате своите приоритети, па фокусирајте се на вистинските работи бидејќи децата на тоа ќе се сеќаваат кога ќе пораснат. Тоа се:

Искуствата и авантурите што сте ги поминале заедно

Искуствата, а не работи, се она што го зближува семејството и она што останува во главата. Затоа вашето дете нема да се сеќава на секоја играчка што сте му ја купиле за роденден или колку сладолед сте изеле, но ќе се сеќава дека сте биле заедно на сладолед и сте се смееле, ќе се сеќава дека тогаш биле среќни и возбудени бидејќи тоа се спомени што остануваат за цел живот.

Позитивните зборови што сте им ги кажале

Постојат многу убави зборови кои можете да им ги кажете на вашите деца за тие да се чувствуваат посебни: „Горда сум на тебе“, „Ти си многу добар другар“. Она што е заедничко за овие реченици е што сите почнуваат со нагласување на добрите особини на детето. Ако така зборувате со вашето дете уште додека е мало, го нагласувате позитивното, а не негативното и тоа е нешто што ќе го запомни.

Кога го оставате телефонот заради нив

Во денешното време на напредна технологија често ни се случува посебните моменти да ги набљудуваме преку камерата на телефонот и така да ги пропуштиме малите работи што децата сакаат да ги споделат со нас. Кога на децата ќе им го дадете целото свое внимание (кога ќе го спуштите телефонот), тие чувствуваат дека се сакани. Во тие специјални моменти забележуваат дека сте прекинале одредена работа за да бидете со нив.

Како се однесувавте во тешки ситуации

Вие сте им пример и водич на децата бидејќи тие чекорат несигурно во животот и се многу ранливи. Кога ќе дојдат тешки моменти, на пример, кога мора да се борите со некоја болест во фамилијата, тие ќе се сеќаваат на начинот на кој вие сте зборувале за тоа, дали се чувствувале безбедни и спокојни и како вие реагиравте на тоа.

Начинот на кој ги третирате другите возрасни луѓе

Децата постојано учат од вас! Кога озборувате некого или лошо се однесувате кон некоја личност, децата го копираат тоа и мислат дека е во ред така да се однесуваат. Кога сте дома со децата и семејството, потрудете се со партнерот да разговарате на позитивен начин со многу љубов и почит. Така децата ќе имаат добар пример што ќе го следат.

Кога не бевте таму за нив

Иако звучи негативно, ова е позитивна работа. Иако ќе се сеќаваат на некои ситуации во кои не можевте да бидете таму, тоа е во ред бидејќи тоа е составен дел од животот, едноставно е невозможно секогаш да бидете таму. Но, децата ќе се сеќаваат и кога првпат спиеле некаде без вас, или првиот пат кога се случило нешто многу важно, па трчале дома за да ви раскажат. Тоа се работи на кои ќе се сеќаваат кога ќе пораснат.

Како се однесувавте под притисок или стрес

Животот не е секогаш бајка, и не може да биде, и вашите деца ќе го имитираат вашето однесување кога сте под стрес. Нормално е дека треба да се напише домашната, вечерата не е подготвена, а вие се чувствувате како да ќе експлодирате. Ако сте тип кој се крши и парализира под притисок, децата тоа можат да го почувствуваат. Ако сакате децата да ви пораснат во личности кои лесно се справуваат со стресот, морате и вие така да се однесувате.



912

X