Постои некој чуден вид иронија – иако трошиме толку време и енергија да ги научиме нашите деца да комуницираат со зборови, се чини дека најмалиот и наједноставен збор „не“ никако не можат да го сфатат. Две букви. Црно-бел концепт.

Зборот „не“ како отсекогаш да е отворен за поинакво толкување во главите на нашите деца. Прочитајте што тие навистина слушаат кога едноставно ќе им кажете „не“.

1. „Увери ме!“

Ова НЕ се однесува на сите деца „адвокати“. Вие велите „не“ и очекувате тоа да е крај на приказната, додека тие ги подготвуваат своите аргументи за да ви објаснат зошто „да“ е многу посоодветен одговор.

2. „Кога велам не, всушност, мислам…“

Ако имате мал дрдорко кој чувствува кога сте несигурни и неодлучни околу вашето „не“, знае дека она што треба да го направи е да биде напорен следните три минути и вашето „не“ ќе се претвори во „да“.

3. „Оди прашај го тато… можеби ќе добиеш друг одговор“

Ова е специјалност на мајките кои се водат под мотото „подели, па владеј“. Мама вели не, а тато не обрнува внимание на прашањето и вели да. И тогаш почнува забавата.

4. „Ооо, ДА, ДА, ДА!“

Кого лажеме? Постојат деца што толку ретко го слушаат зборот „не“ кога ќе се појави во реченица. Во нивниот свет сè е „да, да, да“. Среќници!

5. „Ајде да зборуваме за ова на секои 20 минути наредните три часа“

Ова е „не“ во очите на оние најупорните. Тоа е ситуација кога детето го поставува истото прашање повторно и повторно сè додека и најцврстиот родител не се откаже и не го промени својот одговор. Всушност, на крајот победува оној што е најупорен. Родителот против детето. Знаеме како оваа борба ќе заврши и нема да биде убаво.

6. „Те молам, усрами ме со јавен излив на бес“

Ја знаете процедурата. Се наоѓате на некое јавно место. Детето ви бара нешто лудо, a вие му велите не. Тогаш почнува епски нервен слом. Фрлање на под. Солзи. Удирање. Сето тоа додека вашето дете со едно око внимателно ве следи за да го фати моментот во кој ќе попуштите и ќе го прифатите неговото лудо барање само за да се извлечете од оваа ужасна ситуација.

7. „Слушам дека велиш не, но ако навистина ме сакаш, ќе кажеш да“

Кога вашето дете има направено слатко лице, тажен поглед и очи полни со солзи, тогаш се наоѓате во длабоки емоционални води и ве предизвикуваме да кажете „не“ и да се држите до тие зборови повеќе од 3 минути.

Извор



912

X