Еве 7 работи што добрите мајки ги прават, а јас веќе не ги правам:

Капење на децата секој ден

На децата, освен ако не се тркалале во кал, не им треба капење секој ден. Во лето им ги исплакнувам песокот, потта и кремот за сончање речиси секојдневно, но во зима тоа само ја прави нивната кожа сува и им создава исип. Капете ги двапати неделно и тоа е сосема во ред.

Детална рутина пред спиење

Буквално сите ни рекоа дека треба да направиме рутина пред спиење. Капење, масажа на доенчиња, придушени светла додека цицаат – ова беше доволно лошо и траеше околу еден час. Сега, со нашето 4-годишно дете, се вброија повеќе ритуали, како: 1) да пее песна; 2) читање три книги; 3) слушање приказна ; 4) танц; 5) игра што тој и татко му ја измислиле, во која јас секогаш се повредувам; 6) „борба“ за добра ноќ со својот брат; 7) четкање на забите; 8) игра наречена „бурито“ во која го тркалаат во ќебе, а потоа го одмотуваат; 9) молитви; 10) дузина прегратки и бакнежи за добра ноќ по одреден редослед и ако се збркаме, мора да почнеме од почеток; 11) уште една чаша вода; 12) уште едно одење во тоалет; 13) и уште една чаша вода.

Рутината пред спиење започнува во 3:45 часот. Во интерес да ги вратам тие часови, ги елиминирам сите, освен четкањето заби.

Купување органски производи

Последните пет години ги поминав стоејќи во овошниот коридор, дебатирајќи дали да потрошам 2 долари за органско јаболко или 50 центи за обично, а потоа, збунета, воопшто не купував јаболко. Едноставно повеќе нема да се грижам за тоа. Подобро е да јадат какво било овошје и зеленчук отколку да не јадат, а ние не можеме да трошиме 200 долари неделно на јаболка.

Присилување на децата да јадат зеленчук

Моето прво дете го принудивме да јаде одреден број залаци од неговата вечера за да добие десерт. Ова резултираше со преговори и дебати за тоа колку точно храна на виљушката се смета за „залак“. До моментот кога пристигна мојот втор син, почнавме да ја следиме поделбата на одговорностите, што ги прави оброците многу помирни. Син ми седна на масата пред некоја вечер, погледна што сум зготвила и рече: „Ова личи на стара глава“. Така што, не е сè вино и рози, но барем јас не се расправам за што и да се смета за залак.

Вечно трпение

Толку, толку напорно се трудам да го контролирам својот темперамент. Но, понекогаш, едното дете постојано го притиска копчето за песната „О Сузана“ на неговата музичка машина, телефонот ѕвони и не можам да го најдам, овесната каша гори, а другото дете експериментира со поставување прашања со едвај звучен глас. И така понекогаш губам нерви.

Но, работата е – не е добро децата да имаат бескрајно трпеливи мајки затоа што светот не е бескрајно трпелив. Нормалните луѓе ги губат своите нерви при преголем стимуланс со гласна бучава и растечки пожари во шпоретот и дете кое бара виљушка за сирење без да ги движи усните. Добро е децата да ги препознаат почетните стадиуми на некој што го губи својот разум во одреден момент. Ова ќе им послужи подоцна.

Совршено чиста куќа

Една пријателка неодамна рече: „Посакувам да знаев дека мајчинството е навистина само чекор за да се стане чистачка“. И тоа е вистина. Ја чистам кујната четири пати на ден. Ги гребам работите од подот со ноктите. Земам толку многу мали топчести чорапи. Но, сега – делумно затоа што мразам да чистам, а делумно затоа што мислам дека децата, особено момчињата, не треба да мислат дека некој секогаш ќе раскренува по нив – почнав со нежно инсистирање тие да ја стават својата облека во корпата за нечисти алишта, да ги вратат играчките во корпата и да помагаат при неделното бришење прашина и чистење со правосмукалка.

Би било побрзо ако го направам тоа сама, но мразам да се чувствувам како маченик. Претпочитам да имам малку валкана куќа отколку да бидам слуга, и на крајот, тие ќе научат дека малите дневни напори се подобри за одржување на домаќинството отколку кварталните дезинсекции.

Поминување на целиот викенд со децата

Нешто што ми недостига во целата оваа работа е времето поминато сама дома. Значи, започнуваме политика на полудневен одмор – секој од нас добива време од 8 часот наутро до пладне, еднаш неделно, без деца, работа или задолженија/одговорности. Другиот родител ги вади децата од дома.

Извор



912

X