Кога си родител на дете од маргините, учиш брзо за работите што можеш и не можеш да ги направиш. Очигледно овие промени за секое дете се различни и уникатни, но често има и дефинитивни теми – особено кога се работи за грешки кои учиме никогаш да не ги направиме. Како мајка на 4 деца, три од маргините, во изминатите години научив кои грешки дефинитивно не смеам да ги направам.

1. Да немате мелатонин

Познат факт е дека многу аутистични индивидуи се борат со сонот – и заспивањето и одржувањето на сонот. Во многу случаи ова е така затоа што аутистичните деца (и возрасните) едноставно не произведуваат доволно количество мелатонин (хормон кој поттикнува спиење), како другите луѓе. Родителите на аутистичните деца знаат дека сонот е најскапоцената работа на светот, па доколку се соочувате со недостиг, тоа може да биде тортура за сите во семејството! Затоа никогаш не треба да немате мелатонин, препишан од педијатар.

2. Да немате резервен план

Голем дел од родителството со аутистично дете е да се има повеќе планови. Ова значи постојано да имате план Б во главата ако нешто тргне наопаку, а вашето дете не може да се справи со тоа. Целта е навремена подготовка.

3. Оставање етикети на облеката

Големо „не“. Преголема сензорност за овие деца. А и зошто ги има толку многу на детската облека?

4. Купување нова облека без консултација со детето

Родителите на аутистично дете добро знаат дека голем неуспех е ако купат облека за детето без претходна консултација со него. Некои материјали може да предизвикаат непријатност и чешање, некои панталони да бидат претесни, копчињата тешки за закопчување и слично. Родителот треба секогаш да се консултира со детето и тоа да одобри дека може и сака да го носи одреденото парче облека. Исто така, треба да научи дека може да купи неколку примероци од истата облека во различна големина ако на детето му се допаѓа.

5. Да заборавите некаков вид сензорен предмет во торбата

Гума за џвакање, пенкало за притискање, бадемчиња за грицкање… што и да е што за него претставува занимација. Овие нешта се од голема помош за аутистичните деца за да се смират кога се вознемирени, па добро е секогаш да ги имате со себе.

6. Очекувањето дека детето ќе ја има истата температурна регулација како другите деца

Родителите на аутистичните деца се оние што ги гледаат нивните деца надвор на студено време како носат шорц или маичка по кратки ракави и не се шокирани. Или децата носат џемпер или дуксер во денови кога температурата е 30 степени. Вообичаено е за аутистичните лица да ја немаат истата температурна регулација како другите.

7. Очекување детето без проблем да се справи со неочекувана промена на плановите

Некои деца добро се справуваат и не се вознемируваат поради промената на плановите без да бидат известени. Но, тоа не е случај со аутистичните деца. Ненајавените промени во плановите за нив може да бидат стресни, а нивните родители би требало да го знаат тоа, па да бидат полни со сочувство кога се работи за справување со промена.

На крајот од денот, сè се сведува на очекувања. Како родители на аутистични деца многу брзо учиме да ги намалиме очекувањата и да ги согледаме работите такви какви што се. Учиме да ги прифаќаме децата со нивната уникатност и карактер, а нашите животи се многу богати поради тоа.

Автор: Џесика Офер

Извор



912

X