Седумгодишно момче од Флорида е прогласено за херој откако испливало на брегот за да побара помош кога неговата сестра и татко биле однесени од струите на водата.

Таткото на децата, Стивен Поуст, изјавил дека го закотвил својот брод на реката Сент Џонс во Џексонвил, Флорида, за да ги остави неговите деца, 7-годишниот Чејс и 4-годишната Абигејл, да пливаат покрај бродот. Одеднаш, Абигејл, која обично си игра на задниот дел на бродот, морала да го пушти бродот затоа што струјата била многу силна. Чејс се пуштил од бродот за да ја спречи да замине, но не успеал. Нивниот татко Поуст, скокнал обидувајќи се да им помогне, и давајќи му инструкции на Чејс да отплива до брегот додека се обидувал да ја стигне неговата ќерка, која носела елек за спасување.

– Му кажав дека го сакам затоа што не бев сигурен што ќе се случи. Се обидов да останам со двајцата, но бев истоштен. Абигејл се оддалечуваше од мене – вели таткото.

На Чејс му бил потребен еден час за да стигне до брегот. Како што вели, пливал грбно за да не се умори. Во меѓувреме, неговиот татко и сестра му се оддалечиле речиси 2 километри од локацијата каде што се наоѓал бродот.

Одделот за пожар и спасување наскоро стигнал, но морал да повика други агенции за проширување на потрагата.

– Ги имавме сите можни ресурси за брзо време, па имаме среќа што можеме да кажеме дека сите тројца се добро. Не можевме да очекуваме подобар исход – изјави портпаролот на Одделот за пожар и спасување, Ерик Просвимер.

Извор



912

X