7-годишен ученик ѝ испратил крстозбор на кралицата Елизабета Втора во случај да се чувствува тажна и осамена за време на карантинот.
7-годишниот Тимоти Мадерс од Есекс направил крстозбор со скриени зборови како насмевка, семејство, празник и сонце.
Момчето вели дека во текот на карантинот неговото семејство создавало вакви крстозбори, па затоа тој одлучил да направи еден за кралицата.
– Почитувана кралице Елизабета, можеби се чувствувате тажно или осамено за време на карантинот, па затоа си помислив да ви направам крстозбор што ќе ве развесели – напишало момчето.
Момчето добило писмо од една од дворските дами на кралицата, Филипа де Пас.
– Кралицата посака да ти пишам и да ти се заблагодарам за твоето љубезно писмо и за крстозборот што го направи исклучиво за нејзиното височество. Многу ја цени твојата грижливост и се надева дека и ти си безбеден со оглед на сегашната ситуација – пишува во писмото.