Едно седумгодишно дете ѝ приредило непријатно изненадување на својата мајка откако таа му дозволила да игра на нејзиниот мобилен телефон.

Младиот Германец за кратко време успеал да потроши 2.753 евра за купување игри од апликациите.

Момчето добило дозвола од неговата мајка да влезе во игрите на интернет преку нејзиниот паметен телефон. Таа му овозможила и пристап до ваучер со помал износ за трошење. Но, заборавила дека на истата сметка е достапна и нејзината кредитна картичка. Во соопштението од Центарот за консултации на потрошувачи во Долна Саксонија се наведува дека откако нејзиниот син ја потрошил дозволената сума, продолжил да ги игра омилените игри во тајност.

Катрин Коербер, правен експерт во оваа државна институција за заштита на потрошувачите, објаснува дека германскиот закон им дозволува на децата да купуваат преку интернет без дозвола од родителите, но во границите на нивниот џепарлак, така што во слични случаи наплатата на сметката може да биде оспорена.

Според законот и по писмото што Катрин го испратила до компанијата во име на неговата мајка, тргнат е најголемиот дел од сметката, или 2.654 евра.

Германски правен експерт вели дека забележала дека многу родители им дозволувале на своите деца да играат игри на паметните телефони за време на заклучувањата на државите, обидувајќи се да ги окупираат со нешто бидејќи не оделе на училиште и не смееле да си играат со врсниците. Таа ги предупредува луѓето да ги проверуваат поставките на телефоните пред да им дозволат на децата да играат.

Извор



912

X