Дека децата се најдобрите луѓе меѓу нас, најдобар пример е 7-годишната Мила Станковиќ од Кралево, Србија, која сама изработувала новогодишни честитки и подоцна ги продавала од врата на врата, а парите му ги подарила на девојче со пречки во развојот кое живее со својата мајка во многу тешки услови.

Секој ден пред и по училиште, Милица Качаревиќ и нејзината ќерка Марија пешачат 3,5 километри од автобуската станица на главниот пат до куќата во Витковац каде што живеат. Во куќата има услови за живот во само една просторија. Нема бања.

Наскоро ќе биде подобро, бидејќи се појавија хумани луѓе кои им го олеснија животот на 13-годишното девојче и нејзината мајка.

– Многу луѓе се јавија за да помогнат, но најмногу ме изненади 7-годишната Мила – вели мајката.

Хуманоста на Мила се разбудила откако гледала прилог со едногодишниот Оливер Пал Гајоди, на кој му биле потребни пари за лекување на ретка и сериозна болест.

– И тогаш собирав пари за него, а во меѓувреме беа собрани. Тогаш чичко Никола рече да собереме пари за Марија – вели Мила.

Мајката на Мила, Андријана Станковиќ, вели дека Мила прво се обидувала да продаде играчки, но децата што ги прашала не сакале да ѝ помогнат.

Фотографии: RTS/Screenshot

– Тогаш ѝ дојде идејата да продава честитки од врата до врата, па одеше од куќа до куќа. Некој ѝ даваше пари, некој не, но главно беше упорна и ги собра. Една вечер ѝ реков: – Земи ги парите и купи си бонбони, а таа ми рече: „Мамо, јас тие пари ги собрав и не ги трошам, ти дај ми пари за бонбони“ – раскажува Андријана.

На Марија и Милица повеќе им значи новото пријателство отколку парите.

– Дојде и да си игра. Таа толку многу работи ѝ донесе на мојата ќерка и е толку хумано дете, што немам зборови – истакнува Милица Качаревиќ.

Иако е само прваче, Мила има сериозни соништа за подобра иднина.

– Да бев милионерка, ќе им помогнев на сите деца – порачува Мила.

Извор



912

X