Џесика Офер е среќна и вработена жена, мајка на четири ќерки, а за порталот Babyology открива шест работи во кои станала многу брза откако станала мајка.

– Колку повеќе деца имам, толку побрза станувам во извршувањето на обврските. Не сум сигурна дали е прашање инстинкт, навика или нешто друго, но што и да е, мојата општа ефикасност значително е зголемена. Брза сум, вешта и дефинитивно се чувствувам како нинџа управуван од кафе – вели мајката на четири ќерки.

1. „Вдишување“ кафе

Кафе: Мојот пријател. Мојот спасител. Поминаа деновите кога имав време лежерно да го пијам своето кафе, во целосна тишина додека размислував за смислата на животот. Кафето сега претставува преживување – го пијам брзо, речиси го вдишувам и тоа повеќе не е само кафе – тоа е живот.

2. Одење во тоалет

Откако имам деца – можам да отидам во тоалет, да ги измијам рацете и да бидам подготвена за неколку секунди. Можеби тоа е така бидејќи во нашето шестчлено семејство секогаш некој треба да оди во тоалет, па лежерното одење во тоалет исчезна, а можеби тоа е така бидејќи сум навикната дека секогаш сум му потребна некому додека сум во тоалет.

3. Туширање

Нема да лажам – заклучувањето на вратата од бањата и одењето под туш е веројатно мојот најомилен родителски трик. Тие неколку моменти на среќа под топлата вода во целосен мир. Но оние денови на долго туширање кога го одолжував излегувањето од бањата исчезнаа. Туширањето стана брзо влегување, брзо туширање и брзо излегување. Бидејќи точно знам какви сценарија се случуваат по само две минути откако ќе влезам во бањата: гневна караница или направена штета која бара прва помош од мама.

4. Јадење чоколадо

Што беше тоа? Дали слушнав дека некој отвора чоколадо? Да, моите вештини поврзани со чоколадото станаа многу брзи и таинствени. Можам да го отворам и да го изедам и да ги скријам сите докази. Откако станав мајка, моите ќерки можат да го намирисаат чоколадото од мојот здив, но никогаш нема да ме фатат како јадам бидејќи сум пребрза! Тоа е вештина што ја развивав сите овие години исполнети со недостиг на сон, рано будење, деца што плачат… Само чоколадото е и засекогаш ќе биде моја вистинска, кратка, но значајна и смислена љубовна афера.

5. Кажување мали бели лаги

Е сега, не велам дека сум станала добра во лажењето на моите деца или дека е добро да се лаже, но дефинитивно станав брза во смислување мали бели лаги, без да ме фатат. Немојте да судите, таквите лаги понекогаш се неопходни за моето душевно здравје! За што родителот најмногу ги лаже своите деца? Каде исчезнаа последните пуканки? „Немам идеја, јас сигурно не ги изедов“, но подобро да го скријам празниот сад што стои пред мене. Каде е сликата што ја нацртав вчера? „Душо, немам идеја каде исчезнало твоето уметничко дело, речиси четириесетто оваа недела, но не е во ѓубре“. Зошто не можам да одам на роденден?“ Љубов, не можеш да одиш на три родендени три дена по ред бидејќи имаме планови“, а тоа подразбира одложување на трите родендени!

6. Мултитаскинг

Ѝ реков „збогум“ на идеалната тежина и фокусирана сум само на една работа во моментот откако станав мајка пред 11 години. Сега сум мултитаскинг волшебник што работи најмалку три работи истовремено. Тоа стана моето ново нормално. Додека на шпоретот правам ручек, мијам садови, но и на секоја втора минута со нешто им помагам на своите ќерки. Баш пред некој ден правев вечера, со својата најмала ќерка сечевме овошје, а истовремено со другата ќерка разговаравме за нејзиниот ден. Со децата никогаш не е досадно!

Ние, мајките, сме навистина беспрекорни „машини“ што работат без проблем цело време, а нашите вештини и управување со времето навистина се единствени! Сепак, во сето тоа брзање навистина им се радувам на бавните денови и се радувам на денот кога конечно ќе се досадувам – кога и да биде



912

X