Научниците потврдуваат дека да се има сестра носи големи предности за менталното здравје, но и го продолжува животот. Вашето присуство не само што влијае добро врз вашата сестра, туку и врз нејзиното бебе, но и бебето врз вас, и тоа на многу начини. Бебето на вашата сестра отвора едно ново поглавје во вашиот живот.

1. Ќе добиете нов најдобар пријател – досега тоа беше вашата сестра, но бебето за брзо време ќе ја преземе таа улога.

2. Вашата креативност ќе се истакне – сè што досега сте знаеле за животот можете да му го пренесете на тоа мало суштество. Детето ќе ви поставува милион прашања секојдневно, па ќе најдете најкреативни начини да одговорите.

3. Ќе станете поодговорни – нема само мајката да биде поодговорна кон бебето. И вие ќе созреете и ќе гледате на животот во сосема поинакво светло.

4. Поблиски сте со семејството – времето со бебето ќе ве поттикне да се потсетите на сите убави работи и спомени од детството. Носталгијата ќе ве натера да се приближите до сестрата и до вашето семејство.

5. Имате чувство дека можете да направите сè – за тој мал ангел вие ќе станете супертетка. Ја имате целосно довербата на тоа дете, што дополнително ја зајакнува љубовта, а и вашата верба во себе.

6. Го разбирате концептот на безусловна љубов – за многу краток период бебето ќе стане навистина важен дел од вашиот живот. Честопати ќе ги откажувате плановите и обврските заради таа мала насмевка што ќе ви го разубави денот.

Извор



912

X