– Ја убивате природата! Браво! Поради вас, нема да останат животни! – вели едно 6-годишно момче на снимката неодамна објавена на твитер-профилот на телевизијата „Ер-те“.

– Таа беше трудна! Немаше шанса да се породи. Вие ја убивте. Браво! – вели момчето.

– А како знаеш дека беше трудна? – му вели неговиот татко.

– Браво, браво, поради вас, нема да има животни. Тато, тие бараат дом – вели момчето.

– Ова не е место за нив – вели друг глас.

– Тие бараат безбедно место, бараат храна. Немате идеја колку е тежок нивниот живот. Тешко им е да живеат во домовите на луѓето – вели момчето и продолжува: – Тато, замисли ти да си глушец, и да си убиен, дали е тоа добро?

– Да, би било одлично – саркастично му вели татко му.

– Да, сигурно, одлично, немаше да си жив! – одговара момчето.

 



912

X