Прекрасен момент кога шестгодишно девојче ја пее „Let it go“ од цртаниот филм „Снежното кралство“ во бизнис-делот на еден авионски лет.

Младата Амаја Пател летала со своето семејство од Лондон до Дубаи кога го пуштила анимираниот филм. Набргу почнала да го пее хитот „Let it go“ на цел глас.

Нејзината мајка Аника го снимила моментот на видеото кое беше прегледано над 1,5 милион пати.

Тетката на Амаја, која го објавила видеото на социјалните мрежи, рече дека нивните појаси биле врзани и никој не можел да оди и да ѝ каже дека пее многу гласно.

– Ја викав и се обидов да ѝ го привлечам вниманието, но не можеше да ме слушне поради слушалките. Не можев да одам до неа бидејќи во моментот не смеев да го напуштам седиштето – вели нејзината мајка Аника.

Извор



912

X