Во чест на сите мајки, ги издвојуваме најубавите и најголемите моменти што гo прават мајчинството најдоброто нешто во светот.

1. Првиот пат кога ќе го земеш бебето во прегратка.
2. Првиот пат кога твоето бебе ќе те препознае и ќе се насмее.
3. Моментот кога твоето новороденче првпат ќе го фати твојот прст.
4. Првата вистинска насмевка. И секоја друга потоа.
5. Да бидеш покрај детето во големите моменти во развојот во првата година – првото вртење, првото ползење и првите чекори.
6. Првиот пат кога бебето ќе те нарече мама.
7. Мирисот на новороденчето.
8. Уживање во целосна тишина кога бебето ќе заспие во твојата прегратка.


9. Првиот пат кога твоето дете ќе преспие цела ноќ, а ти ќе се разбудиш одморена.
10. Утринската прегратка! И вечерната прегратка!
11. Моментот кога ќе го фатиш детето како гледа во тебе и се смее.
12. Првиот пат кога детето ќе ти каже: „Те сакам!“
13. Моментот кога партнерот и детето спијат заедно на каучот.
14. Погледот полн со гордост кога твоето дете првпат само оди во веце.
15. Првата спонтана и смешна фотографија на која детето има урнебесна поза.
16. Скокоткање.
17. Кога ќе ја слушнеш малата воздишка што ја прави додека спие.
18. Првиот цртеж од твоето семејство (што навистина изгледа како цртеж).
19. Првиот училиштен ден.
20. Кога случајно ќе слушнеш дека детето те споменува како своја пријателка.
21. Поминувањето мрзливи денови пред телевизија, гушнати, со пуканки и цртан.
22. Кога ќе го слушаш детето додека ти чита книга наглас.
23. Кога детето првпат ќе совлада нешто што отсекогаш му било страшно.
24. Летните вечери и гледање телевизија.
25. Првиот пат кога детето ќе ти приготви оброк (што навистина ќе биде вкусен).
26. Првиот заб под перницата.
27. Сјајот во очите на божиќното утро.
28. Првата прегратка на твоето новородено бебе и твоето поголемо дете.
29. Отворањето на првиот подарок за 8 Март што твоето дете го направило само.
30. Кога неговата прва петка на училиште ќе те возбуди повеќе отколку него.
31. Кога го гледаш детето како првпат вози велосипед без помошни тркала и возбудено навиваш отстрана.
32. Кога повторно ќе се запознаеш со едноставните задоволства во животот – чоколино, твоите стари играчки, бојата на цвеќињата во прошетка, невиниот поглед кон светот…
33. Сведочењето на љубезноста на твоето дете. И сфаќањето дека вредностите што упорно се обидуваше да му ги всадиш, твоето дете ги поседува.
34. Кога ќе го дочекаш твоето дете дома откако долго време не било дома (или неколку часа).
35. Кога ќе ги видиш твоите деца како тивко заедно си играат.
36. Навивање од публиката кога твоето дете ќе прими награда/диплома/пофалба.
37. Кога си личност која на своето дете ќе му постави сто прашања за животот.
38. Кога ќе слушнеш дека твоето дете вели дека сака да биде како тебе кога ќе порасне.
39. Гледањето на детето како се брани себеси или брани друго дете во паркот.
40. Кога ќе ги однесеш децата на нивниот прв вистински концерт (и кога ќе сфатиш колку всушност си стара).
41. Кога стоиш покрај своите деца и сфаќаш дека се повисоки од тебе.
42. Кога твоето дете ќе оди на својот прв работен ден.
43. Кога детето првпат ќе те вози во автомобилот.
44. Кога гледаш во своето дете и се чувствуваш како да гледаш во огледало.
45. Сите приредби, матури, промоции – од градинка до факултет.
46. Кога ќе наздравиш со своето дете за неговиот 18. роденден!
47. Кога сведочиш сериозно заљубување на детето.
48. Кога ја гледаш нивната венчавка.
49. Кога твоите деца, без оглед дали имаат 5 или 50 години, ти велат: „Фала“. И кога знаеш дека навистина го мислат тоа.
50. Кога првпат ги држиш внучињата в прегратка и сфаќаш дека овој драгоцен момент почнал од тебе.



912

X