Здравје

5 здравствени состојби кога децата треба да останат дома

Праќањето на децата во училиште наесен е возбудлив период во годината. И покрај тоа што е забавно време за децата да создадат нови пријатели и враќање на училишните обврски, исто така може да биде време за повторно разболување и добивање бактерии.
Тешко е да се одлучи дали децата да останат дома, особено кога симптомите се благи. Седењето дома значи повеќе работа кога децата треба да се вратат на училиште.
Од друга страна, испраќањето болно дете во училиште би било ужасен ден за него и можност за разболување на другите деца.
Трициа Бермиа, директор на оддел за нега, вели дека чувањето на децата дома не само што им помага да се одморат и да заздрават, туку истовремено и другите деца остануваат здрави.
– Болестите брзо се шират кај помалите деца, а еден од најдобрите начини да не се шири болеста е децата да останат дома – вели таа.
Еве неколку работи поради кои децата треба да се чуваат дома кога се болни:

Температура

Децата често добиваат температура, иако причините понекогаш се нејасни, тие треба да останат дома ако имаат температура над 37 Целзиусови степени. Медицински портал објаснува дека температура е знак дека телото се бори со некоја болест. Ако има 38 степени или повисока температура, почекајте барем 24 часа да е без температура пред да се врати на училиште.

Дијареја или повраќање

Повраќањето е обично лесен симптом за родителите да забележат и да реагираат. Дијарејата може потешко да се забележи, особено кај децата на кои не им е потребна помош во вецето. Двата симптома би требало да ги задржат децата дома. Родителите треба да внимаваат и да не ги праќаат своите деца на училиште додека не заздрават.

Рака, нога, уста
Рака, нога, уста (ХФМД) е честа детска болест и многу е заразна, иако е со слаби симптоми и сама поминува. Може да почне со температура и раздразливост, проследено со плускавци во устата, на рацете и на нозете. Децата со ХФМД треба да останат дома сè додека не им помине температурата и не заздрават раните.

Настинка или грип

Настинките може да траат повеќе од една недела, па затоа е тешко да се чува детето дома толку долго. Кога настинката е најлоша, со отежнато кашлање, децата би требало да останат дома и да се одморат. Децата што имаат грип или болест слична на грип треба да останат дома сè додека имаат температура и откако 24 часа ќе бидат без лекови.

Болест третирана со лекови

Ако вашето дете е болно и прима антибиотици, често има потреба од 24-часовен третман пред да се врати на училиште. Постојат многу состојби што бараат третман пред децата да се вратат на училиште, па затоа разговарајте со вашиот лекар за тоа колку долго да ги чувате дома додека се лекуваат.

Чувањето на децата дома може да биде голем товар за родителите, особено за оние што се на работа, но и за децата е тешко бидејќи може да заостанат во училишната работа. Меѓутоа, ако ги испратите во училиште кога се болни, тоа е штетно и за нив и за нивните соученици.
Овие чести симптоми се добри причини да му дадете на вашето дете слободен ден. Контактирајте го вашиот педијатар ако не сте сигурни дали вашето дете е добро за на училиште.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top